Прејди на содржината

Тополјани

Координати: 41°3′N 23°38′E / 41.050° СГШ; 23.633° ИГД / 41.050; 23.633
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тополјани
Χρυσό
Црквата „Живоносен Извор“
Црквата „Живоносен Извор“
Тополјани is located in Грција
Тополјани
Тополјани
Местоположба во областа
Тополјани во рамките на Довишта (општина)
Тополјани
Местоположба на Тополјани во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°3′N 23°38′E / 41.050° СГШ; 23.633° ИГД / 41.050; 23.633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаДовишта
Надм. вис.&10000000000000105000000105 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.571
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Тополјани (грчки: Χρυσό, Хрисо)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри источно од градот Сер и на 8 километри југозападно од Довишта, на надморска височина од 105 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 500 жители цигани[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1080 Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1075 Грци[5], и функционирало грчко училиште.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1436 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1551 жител[6].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Хрисо[7].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 242 жители, додека во 1940 година селото броело 3075 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 3329 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3455 жители, во 1971 година имало 2276 жители, во 1981 година имало 1923 жители, додека во 1991 година имало 1809 жители.[6] Денеска, населението на селото е 1571 жител според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 3075 3329 3455 2276 1923 1809 1020 1571
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Πεντάπολις
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  6. 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 82.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]