Сармусакли
Сармусакли Πεντάπολη | |
---|---|
Координати: 41°3′N 23°40′E / 41.050° СГШ; 23.667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Довишта |
Надм. вис. | 109 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.715 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Сармусакли (грчки: Πεντάπολη, Пендаполи)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 15 километри југоисточно од градот Сер и на 5 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 109 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 85 жители Турци и 400 Грци[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1120 Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1120 Грци[5], и функционирало грчко училиште.
Грција
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1804 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 2183 жители[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Пендаполи[7].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 3102 жители, додека во 1940 година селото броело 3342 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 3287 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3275 жители, во 1971 година имало 2141 жител, во 1981 година имало 1845 жители, додека во 1991 година имало 2012 жители.[6] Денеска, населението на селото е 1715 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 3342 | 3287 | 3275 | 2141 | 1845 | 2012 | 1715 | 995 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Атанасиј“ од 1909 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Πεντάπολις
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
- ↑ 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 80.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- [1] Архивирано на 23 јули 2017 г.
|