Вернар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вернар
Παραλίμνιο
Вернар is located in Грција
Вернар
Вернар
Координати: 40°59′N 23°40′E / 40.983° СГШ; 23.667° ИГД / 40.983; 23.667Координати: 40°59′N 23°40′E / 40.983° СГШ; 23.667° ИГД / 40.983; 23.667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаСтрума
Надм. вис.&10000000000000109000000109 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно525
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Вернар (грчки: Παραλίμνιο, Паралимнио)[2] — село во Општина Довишта во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 18 километри југоисточно од градот Сер и на 15 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 2 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 25 жители цигани[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 20 Македонци и 180 цигани[4][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 120 македонски гркомани[6][7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жители[8].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било прекрстено во Паралимнион[9].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 459 жители, додека во 1940 година селото броело 827 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 930 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1110 жители, во 1971 година имало 795 жители, во 1981 година имало 808 жители, додека во 1991 година имало 573 жители.[8] Денеска, населението на селото е 525 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 827 930 1110 795 808 573 713 525
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Παραλίμνιον
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 122-123.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198-199.
  8. 8,0 8,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 64. 
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971

Надворешни врски[уреди | уреди извор]