Субашќој
Субашќој Νέο Σούλι | |
---|---|
Координати: 41°5′N 23°38′E / 41.083°N 23.633°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Довишта |
Надм. вис. | 234 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2.399 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Субашќој (грчки: Νέο Σούλι, Нео Сули; до 1927 г. Σουμπάσκιοϊ, Субасќој;[2]турски: Subaşköy) — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 7 километри источно од градот Сер и на 7 километри западно од Довишта, на надморска височина од 234 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 620 Грци[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 820 Грци и 15 Турци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 850 Грци[5], и функционирало грчко училиште.
Грција
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1239 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1349 жители[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Нео Сули[7].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 1861 жител, додека во 1940 година селото броело 2275 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 2432 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2720 жители, во 1971 година имало 1963 жители, во 1981 година имало 1903 жители, додека во 1991 година имало 2070 жители.[6] Населението броело 2.399 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2275 | 2432 | 2720 | 1963 | 1903 | 2070 | 2539 | 2399 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Успение на пресв. Богородица од 1836 г.
- Св. Димитриј од 1836 г.
- Св. Марина од 1880 г.
- Св. Јован Претеча од 1891 г.
- Св. Илија од 1900 г.
- Св. Ѓорѓи од 1927 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
- ↑ 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 81.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (грчки) Субашќој Архивирано на 8 јули 2008 г.
- (грчки) Мрежно место на гимназијата во Субашќој
- (грчки) Субашќој на мрежното место на општината Довишта[мртва врска]
- (германски) Леонард Шулце Јена за земјоделството во Субашќој 1918–1921 — Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder, 1927
- Аероснимки на селото Архивирано на 15 мај 2017 г.
|