Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Субашќој

Координати: 41°5′42.2″N 23°38′51.8″E / 41.095056° СГШ; 23.647722° ИГД / 41.095056; 23.647722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
41°5′42.2″N 23°38′51.8″E / 41.095056° СГШ; 23.647722° ИГД / 41.095056; 23.647722
МестоСубашќој, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1925 - 1927
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Субашќој, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена на североисточниот крај на селото. Тука во турско време биле гробиштата, привчно само на источното маало, а а подоцна на целото село. Во 1981 г. се преместени во месноста Продроми. Храмот е изграден во 1925 – 1927 г. на местото на постар храм. Во 1980 г. изгорел во пожар, за во 1982 г. да биде обновен во поголеми димензии.[1]

Крај црквата секоја година на Ѓурѓовден се одржува празникот „Дракоктонија“ — Убивање на змејот. Фестивалот е меѓу највпечатливите во Македонија и се смета за стар. Според месната легенда, некогаш некој змеј ја сопрел водата на сите селски чешми додека селаните не му ја донесат царската ќерка како жртва. Селаните се помолиле на Свети Ѓорѓи, кој се појавил и го убил змејот. На овој празник случката се пресоздава, проследена со обилно јадење и пиење.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Δαβίτη, Φωτεινή. „Οι Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“ (PDF). Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-12-31. Посетено на 1 јануари 2018.