Манастир „Св. Константин“ - Везник
Изглед
| Свети Константин | |
|---|---|
| Αγίου Κωνσταντίνου | |
![]() | |
| 41°5′53.8″N 23°40′35.4″E / 41.098278°N 23.676500°E | |
| Место | Везник, Серско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Завршена | 1872 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Серско |
| Епархија | Серско-нигритска |
Свети Константин (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Κωνσταντίνου) — манастир во селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Манастирот е изграден на истоимениот рид во јужниот дел на селото. Според натписот на вградената плоча над западниот влез, храмот е подигнат во 1872 година.[1] Негов Ктитор е Георгиос Васаку Апостолу.[1][2] Според друг натпис лево од иконостасот, црквата е обновена и проширена во 1877 г. од монахот Герман.[1] Црквата има две елипсовидни куполи на правоаголни столбови и лакови. Жртвеникот е покриен со свод. Иконостасот има мермерна основа, а нагоре е резбан во дрво. Во храмот има вредни икони од XIX век.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 „Διακοπές“. In.gr. Архивирано од изворникот на 2018-01-02. Посетено на 1 јануари 2018.
- ↑ „Μνημεία της Κοινότητας Αγίου Πνεύματος“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2014-01-28. Посетено на 1 јануари 2018.
