Прејди на содржината

Гребен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корални гребени во плитководното крајбрежје на градот Ресифе, Бразил.

Гребен — подводна или надводна височина на морското дно во плитка вода. Се образува со уништување на карпести дна и брегови или како последица на растење на колонии на корали, некои алги и други гребенообразувачки организми.[1]

Многу гребени се образуваат со абиотски процеси — таложење на песок, ерозија на откриените карпи и други природни процеси — но најпознатите гребени се коралните гребени на тропските води, образувани од растот на колониите на гребенообразувачките организми, преовладувани од корали и варовнички алги. Во овој поглед, гребените биолошки се определуваат како локализирани, плитки структури отпорни на бранови, изградени од организми што лачат вар и лежат на основните образувања од кои тие јасно се разликуваат.[2][3] Подоцна, овој поим почнал да се користи во геологијата за означување на палеонтолошки карпи образувани од организми со варовнички скелети.[4]

  1. Под редакцией проф. А. П. Горкина. риф // География. Современная иллюстрированная энциклопедия. — М.: Росмэн. — 2007.
  2. „Латыпов Ю. Экосистема кораллового рифа“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2014-07-02. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. Goreau et al., 1972
  4. „Терминологический словарь по палеонтологии“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2014-07-01. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]