Државен пат 3 (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Државен пат 3 shield

Државен пат 3
Информации за правецот
Должина:500 км
Поважни клучки
Јужен крај:Елевсина
Северен крај:Негочани, македонска граница
Местоположба
Области:Атика, Централна Грција, Тесалија, Егејска Македонија
Поважни градови:Елевсина, Теба, Ламија, Лариса, Кожани, Лерин
Патна мрежа
Државни патишта во Грција
Мостот на ЕО3 преку Витивјанското Езеро на р. Бистрица во Кожанско.

Државен пат 3 или ЕО3 (грчки: Εθνική Οδός 3) — пат во Грција. Го поврзува градот Елевсина кај Атина со граничниот премин Негочани (Ники) кон Македонија. Минува низ Лариса и Лерин. Од Негочани, правецот продолжува по автопатот М5К за Битола. ЕО3 е меѓу најдолгите патишта во Грција, и сè до 1960-тите бил главна сообраќајница од Лариса за Солун. Денес до ова одредиште побргу се стасува по автопатот А1. Најголемиот дел од ЕО3, со исклучок на најјужниот дел меѓу Елевсина и Бралос, е дел од Европскиот пат Е65. Минува низ областите Атика, Централна Грција, Тесалија и Егејска Македонија и долг е 500 км.

Развој[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1980-тите изградени се патни заобиколници околу градовите Троново и Еласона, но во 2002 г. е поднесен предлог целиот пат да се преуреди во нов автопат, кој би одел од Лариса до Кожани, а потоа преку македонската границата во Битола. Во текот на 2000-тите вака преуредени се делниците северно од Лариса, преку Кожани, па до Кајлари. Сите други зафати за надоградба на патот се откажани; на нив не се работи и нема најави за нивно продолжување.

Населени места[уреди | уреди извор]

Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:

Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.

Координати: 39°20′21″ СГШ; 22°23′39″ ИГД / 39.3391° СГШ; 22.3943° ИГД / 39.3391; 22.3943