Прејди на содржината

Државен пат 2 (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Државен пат 2 shield

Државен пат 2
ЕО2 кај Воден
Информации за правецот
Должина:630 км
Постоел:23 јули 1963 – денес
Поважни клучки
Западен крај:Смрдеш, албанска граница
Источен крај:Бахчеќој, турска граница
Местоположба
Области:Егејска Македонија, Западна Тракија
Поважни градови:Лерин, Воден, Пазар, Солун, Кавала, Скеча, Ѓумурџина, Дедеагач
Патна мрежа
Државни патишта во Грција

Државен пат 2 или ЕО2 (грчки: Εθνική Οδός 2) — пат во Егејска Македонија и Западна Тракија, Грција. Го поврзува граничниот премин кон Албанија во Смрдеш (Кристалопиги), Костурско со граничниот премин кон Турција во Бахчеќој (Кипи), Дедеагачко. Пуштен е во употреба на 23 јули 1963 г. и денес има вкупна должина од 630 км.

Ова е обичен пат со една лента по правец, без сложени клучки. Делот источно од Солун е заменет со поновиот автопат А2 („Егнатија“). Потегот од албанската граница до Солун е дел од Европскиот пат Е86.

Поважни населени места

[уреди | уреди извор]

Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:

Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[1]

Растојанија

[уреди | уреди извор]
Оддал. во км123456789101112
(1) Смрдеш50117158210280300367419512539582
(2) Лерин5067108160230250317369462489532
(3) Воден117674193163183250302395422465
(4) Пазар1581084152122142209261354381424
(5) Солун21016093527090157209302329372
(6) Аспровалта280230163122702087139232259302
(7) Ениќој300250183143902067119212239282
(8) Кавала367317250290157876752145172215
(9) Скеча4193693022612091391195293120163
(10) Ѓумурџина512462395354302232212145932770
(11) Дедеагач5394894223813292592391721202743
(12) Бахчеќој5825324654243723022822151637043
  1. Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.

40°45′31″N 22°30′11″E / 40.7587°N 22.5031°E / 40.7587; 22.5031