Орта Оба
Орта Оба Μεσόκαμπος | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°53.40′N 21°30.48′E / 40.89000° N; 21.50800° EКоординати: 40°53.40′N 21°30.48′E / 40.89000° N; 21.50800° E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Долно Клештино |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 67 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Орта Оба или Ортоба (грчки: Μεσόκαμπος, Месокамбос; до 1926 г. Ορτά Ομπά, Орта Оба[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 67 жители (2011).
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 20 км североисточно од градот Лерин и 16 км североисточно од Долно Клештино. Лежи на северниот крај од Леринското Поле, мошне близу до границата со Општина Новаци во Р. Македонија.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]
Во османлиските даночни книги на Леринскиот вилает од 1626-27 г. Орта ова се води како село со 68 немуслимански домаќинства.[4]
На почетокот на XX век Орта Оба било чисто турско село во Леринската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 250 жители, сите Турци.[5] Малку подоцна Боривое Милоевиќ го споменува со 60 турски куќи.[3]
Во Грција[уреди | уреди извор]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понд.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Месокамбос.[6] На пописот од 1928 г. во Орта Оба се заведени 179 жители. По 1930 г. тука се доселиле и малобројните македонски семејства од соседното Рахманли, со што станало етнички мешана населба. Така, во 1940 г. во Орта Оба имало 27 македонски и 60 доселенички семејства — вкупно 463 жители.[3]
За време на Грчката граѓанска војна, 16 македонски семејства се преселиле во Р. Македонија, а останале 11. Со тоа, населбата и понатаму останала мешана, но во значајна полза на доселените Грци. Во 1951 се заведени 312, а во 1961 г. 322 жители. Населението почнало да опаѓа поради иселување, па така во 1971 г. се попишани 237, во 1981 г. се заведени 211, а во 1991 — 193 жители.[3] Иселувањето се засилило во следните десетлетија: во 2001 г. Орта Оба имала 133 жители, но во 2011 г. само 67.
Население[уреди | уреди извор]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 463 | 312 | 322 | 237 | 211 | 193 | 133 | 67 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото важи за прилично сиромашно. Главни производи се житото и сточарските преработки. Атарот има површина од само 6 км2.[3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ορτά Ομπά -- Μεσόκαμπος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 167.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 332-333.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
|