Попадија (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Попадија
Παπαδιά
Попадија is located in Грција
Попадија
Попадија
Местоположба во областа
Попадија is located in Лерин (општина)<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -1452.4%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Попадија
Местоположба на Попадија во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°53′N 21°42′E / 40.883° СГШ; 21.700° ИГД / 40.883; 21.700Координати: 40°53′N 21°42′E / 40.883° СГШ; 21.700° ИГД / 40.883; 21.700
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаСетина
Надм. вис.&10000000000000900000000900 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Попадија или Пападија (грчки: Παπαδιά) - село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Со пописот од 1991 година жителите на ова село се опфатени во составот на селото Сетина, кон кое припаѓа[2] и самото село нема жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Попадија е сместена на северозападните падини на планината Кајмакчалан, по течението на Стара Река. Селото се наоѓа на надморска висина од 900 м и од сите страни е опкружено со планински врвови.

Историја[уреди | уреди извор]

На 6 октомври 1907 година Попадија била нападната од андартските капетани Димитриос Папавиерос и Емануил Кацигарис, кои запалиле 12 куќи.[3]

Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што повеќето од жителите се засолнале во Република Македонија, а дел во соседното село Сетина[2].

Селото е обновено во седумдесеттите години и во пописот од 1981 година е регистрирано со 17 жители, а од 1991 година жителите се евидентираат во Сетина.

Демографија[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век според К'нчов селото броело 50 жители, а Милоевиќ наведува 20 македонски куќи. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 73 жители
  • 1920 - 98 жители
  • 1928 - 135 жители
  • 1940 - 149 жители

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Попадија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998) (на македонски). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 168. 
  3. „ΣΤΟΧΟΣ“
  4. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 797-806. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]