Јелашка Река
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Јелашка Река / Сакулева | |
---|---|
![]() Јелашка Река (Сакулева) во Лерин | |
Слив | |
Главен извор | Баба, Лерински округ |
Устие | Црна Река, кај с. Брод, Општина Новаци |
„Јелашка Река / Сакулева“ на Ризницата |
Јелашка Река (лерински назив: Сакулева или Секулева, Сакулина (грчки: Σακουλέβας, Сакулевас) — река во западниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) и јужниот дел на Република Македонија.
Реката извира од планината Баба и тече на исток во тесна длабока долина под името „Сакулева Река“, преминува во рамницата Пелагонија и тече низ градот Лерин. Потоа свртува на север, минува крај с. Сакулево (чие име го носи), преоѓа во Република Македонија и се влева во големиот свиок на реката Црна над селото Брод, Општина Новаци, каде е позната како „Јелашка Река“.
Зафаќа сливно подрачје од 876,8 км2. Претставува главна водна артерија на Леринското Поле.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Јелашка Река на Ризницата ?