Црква „Св. Пантелејмон“ - Лерин

Координати: 40°46′42″N 21°24′22″E / 40.77833° СГШ; 21.40611° ИГД / 40.77833; 21.40611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Пантелејмон
Αγίου Παντελεήμονα
Поглед на црквата преку Сакулева Река
Карта
40°46′42″N 21°24′22″E / 40.77833° СГШ; 21.40611° ИГД / 40.77833; 21.40611
МестоЛерин
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1972
Управа
Архијерејско намесништвоЛеринско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Свети Пантелејмон или Свети Пантелеј (грчки: Αγίου Παντελεήμονα) — црква во градот Лерин, Егејска Македонија, катедрален храм на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја[уреди | уреди извор]

Старата црква „Св. Пантелејмон“

Во 1882 г. црковната општина во Лерин на чело со Константин Гулапчев добила ферман за изградба на своја црква. Во 1887 г. Христо Сисес (Χρήστος Σύσες) ја подарил својата куќа за таа цел.[1] Во март 1889 г. е завршен параклисот „Св. Пантелејмон“[2] во маалото Варош спроти грчката митрополија и општина, на денешната улица „Василеос Георгиос“.[1] Македонците, одбивајќи да одат во грчка црква, оделе во куќата на отецот Гулапчев, кој имал прилагодена една соба како параклис.[2] По една до две години на местото на параклисот е направена голема црква,[2][1] возглавена од Бугарската егзархија под чие врховенство потпаднало македонското население.

Во 1895 г. во Лерин црковната општина ги издржувала училиштата и катедралата „Свети Пантелеј“.[3]

На 10 ноември 1910 г. храмот е свечено осветен во присуство на митрополитот Мелетиј Велешки, архимандритот Никодим, други виши свештеници и сите попови од Леринската каза.[4]

По влегувањето на грчка војска во Лерин во 1912 г. црквата ѝ е одземена на егзархиската општина и во неа е преместено седиштето на патријаршиската Мегленска епархија, кое дотогаш било во „Св. Ѓорѓи“.[5]

Во 1949 г. црквата била погодена од граната во Битката за Лерин во текот на Грчката граѓанска војна. Тогаш се уништени трите куполи и целиот покрив. На почетокот на 1950-тите градбата е наполно изменета, и избришани се сите словенски натписи под иконите. Срушена е и малата камбанарија, и во 1957 г. е изградена поголема. Иако тогаш црквата била во многу добра состојба, ревносно антимакедонскиот лерински митрополит Августин Кандиотис во април 1971 г. решил да ја срамни со земја и на нејзино место да подигне нов храм со финансиска помош од диктаторот Георгиос Пападопулос.[6] Новата црква е осветена на 27 јули 1972 г.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Μεκάσης, Δημήτρης.Ο Ιερός Ναός Αγίου Παντελεήμονος Φλωρίνης – Γράφει ο Δημήτρης Μεκάσης, www.florinapress.gr, посетен на 16.06.2019 г.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Свещеноикономъ Григорий“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. XVI (1 (151): 3. 1944. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  3. Тзавелла, Христофор, „Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски“, Македония Прес, София, 2003 г., стр. 27
  4. Македонски алманахъ, МПО, Индианаполис, 1940 г., стр. 55
  5. „Άγιος Γεώργιος“ (PDF). Посетено на 21 јули 2020.
  6. Andreou, A. and K. Kasvikis (2018). „The "Difficult" Past of a Town: The Resonant Silences and Suppressed Memories of Florina's Cultural Heritage“ (PDF). MuseumEdu (6): 154–155. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)