Леринско-преспанско-еордејска епархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леринско-преспанско-еордејска епархија

Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας
Епархија
Место
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
МитрополитТеоклит
Архијерејски намесништва4
СедиштеЛерин
Матична цркваЦариградска патријаршија
(под управа на Грчката православна црква)
Мрежно место
imflorinas.gr
Катедралата „Св. Пантелејмон“ во Лерин.

Леринско-преспанско-еордејска епархија (грчки: Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας) — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Лерин, Егејска Македонија. Почнувајќи од 2000 г. епархијата ја возглавува митрополитот Теоклит. Епархијата ги опфаќа подрачјата на општините Лерин, Преспа, Суровичево и Еордеја (Кајларско), Егејска Македонија.[1][2]

Од долунаведеното може да се види дека Цариградската патријаршија сето време претендирала врз териториите на Охридската архиепископија сè додека не успеала да го издејствува нејзиното укинување во 1767 г.

Историја[уреди | уреди извор]

Мегленската епископија се смета себеси за наследник на Хераклејската, чие седиште било во Хераклеја Линкестис кај Битола. Епархијата го носи името на областа Меглен, и своевремено веројатно имала седиште во тврдината Меглен.[3] Епископијата за првпат е спомената во грамотата на царот Василиј II од 1018 г. со која се утврдуваат границите на Охридската архиепископија.[4] При археолошкото ископување на тврдината откриена е епископската базилика — катедрала на Мегленската епархија.[5]

По уривањето на тврдината Меглен, седиштето на епископијата е преместено во богатото планинско село Ноти.[3] Епископот Антим (1691 – 1699) е споменат како Мегленско-молиски (Μογλαινών και Μολεσχών) и веројатно Молиската епархија е споена со Мегленската. Оваа титула останала сè до XVIII век во различни облици: Мегленско-молиски (Μογλενών και Μολισκού), Мегленско-молоски (Μογλενών και Μολοσχών, Μογλενών και Μολισχού).[6] Во 1719 г. Мегленската епископија со седиште во Ноти е претворена во митрополија (Μογλενών).[3]

Во 1762 г. по потурчувањето на мегленскиот епископ во 1759 г. седиштето на митрополијата е преместено во Катраница и митрополитската титула станува Мегленско-катранички (Μογλενών και Κατρανίτζης). За мегленско-катранички епископ во декември 1762 г. е избран Герман.[3][7] Понякога името е само Катранички (Κατρανίτζης).[3]

Потоа седиштето за кратко е преместено во Емборе со катедрална црква „Св. Мина“.[8] За време на Неофит (1824 - 1858) седиштето е преместено во Лррин.[9] Во 1925 г. името на епархијата е сменето од Мегленско-леринска (Μογλενών και Φλωρίνης) во Леринско-мегленска (Φλωρίνης και Αλμωπίας). Во 1924 г. од епархијата одвоено Кајларско и образувана е новата Новопелагониска епархија, укината во 1935 г.[10] Сè до 1943 г. епархијата била Леринско-преспанско-мегленска (Φλωρίνης, Πρεσπών και Αλμωπίας), кога е преименувана во Леринско-мегленско-еордејска (Φλωρίνης, Αλμωπίας και Εορδαίας). Со решение на синодот на Грчката православна црква од 22 јуни 1967 г. го носи сегашното име, откако Меглен ѝ е предаден на Воденската епархија.[11]

Епископи[уреди | уреди извор]

Потписот на црковнословенски на анонимниот епископ на Меглен под актот за соборување на патријархот Јоасаф II Цариградски во 1565 г.
Разни печати на Мегленската митрополија
Кондика на Мегленската митрополија под митрополитот Антим и неговиот секретар Аристид Т. Јанопулос од Бунар Хисар, 7 март 1907 г.
Документ на Мегленската митрополија, 1912 - 1913 г.
Телеграма од Поликарп Лерински до премиерот Венизелос со молба војската да ја ослободи зградата на поранешната егзархиска општина во Лерин, за да може да се користи како гимназија, 1914 г.
Мегленски (Μογλαίνων, Μογλενών)
Име Грчки Години Белешки
Иларион Ἱλαρίων 1134 – 1164[3][12] Прогласен за преподобен[12]
Анонимен Ανώνυμος 1217 – 1235 Споменат од охридскиот архиепископ Димитар Хоматијан како „Светиот епископ Мегленски“ (Ιερώτατο επίσκοπον Μογλαίνων), ја добил неговата поддршка против обвиненијата дека ракополагал во диецеза на Вселенската патријаршија[12]
Нифонт Νήφων 1321[12]
Нифонт Νήφων 1390 На ктиторскиот натпис на „Вознесение Христово“ во Емборе (Μογλαίνων)[12]
Пахомиј Παχώμιος 1532[12]
Анонимен Ανώνυμος 1565 Во јануари 1565 г. го потпишал на црковнословенски (Мегленски) актот на Цариградскиот собор, го соборил патријархот Јоасаф II[12][13]
Теофан Θεοφάνης 1589 Заминал во Русија за да прибира средства и присуствувал на ракополагањето на Михаил Киевски[12]
Јосиф Ιωσήφ 1606[12]
Теофан Θεοφάνης 1624 Во 1624 г. заедно со архиепископот Порфириј Охридски потпишал писмо до папата Урбан VIII[12]
Козма Κοσμάς 1629 Споменат во писмо на Аврамиј Охридски од 31 јануари 1629 година[6]
Харитон Χαρίτων 1631 – 1634 Споменат во писмо на Аврамиј Охридски до Русија за прибирање на средства, во кое ги набројува неговите јерарси[6]
Софрониј Σοφρώνιος 1634[6]
Дионисиј I Διονύσιος Α ́ 1644 – 1649[6]
Игнатиј I Ιγνάτιος Α ́ 1653 – 1670[6]
Никодим Νικόδημος во 1668, 1670, 1676 Управувањето му е прекинато од непознати причини[6]
Паладиј Παλλάδιος 1683[6]
Антим Άνθιμος 1691 – 1699 Споменат како Мегленско-молески (Μογλαινών και Μολεσχών)[6]
Дионисиј Кокинос Διονύσιος Β ́ Κόκκινος 1691 – 1699 Разрешен од синодот на Охридската архиепископија поради симонија[6]
Игнатиј II Ιγνάτιος Β ́ 1706 Во синтагмата на ерусалимскиот патријарх е наречен Мегленско-молиски, т.е. Хлорински (Μογλενών και Μολισκού ήτοι Χλωρινού)[6]
Гаврил I Γαβριήλ Α ́ 1714 – 1719 Мегленско-молоски (Μογλενών και Μολοσχών)[6]
Партениј Παρθένιος 1725 Мегленско-молиски (Μογλενών και Μολισχού)[6]
Прохор Πρόχορος 1736[6]
Теодорит Θεοδώρητος 1740[6]
Антим Άνθιμος 1740[6]
Гаврил II Γαβριήλ Β ́ 1743 – 1762[6]
Јоаким Мегленски Ιωακείμ 1743 – 1762[6] Како Мегленско-катранички митрополит (Μητροπολίτου Μογλενών ή Μογλενών και Κατρανίτσης)[6] се среќава во многу документи со негов потпис; во негово време во 1759 или 1770 г. е исламизиран Меглен и седиштето се преместува во Катраница[14]
Герман I Мегленски Γερμανός 1762 – 1767[3] Поднел оставка неколку месеци по укинувањето на Охридската архиепископија[14]
Натанаил Мегленски Ναθαναήλ 1767[15] Во пелагониски митрополит
Гедеон Γεδεών[15] 1767 – 1774[14]
Агатангел Αγαθάγγελος 1774 – 1783[14]
Герман II Γερμανός 1783 – 1798[14]
Тимотеј Τιμόθεος јануари 1798[15] – 1824[14]
Неофит Мегленски Νεόφυτος 1824 – 1858[15] Го преместил неговото седиште во Лерин[14]
Мелетиј Мегленски Μελέτιος 1858 - 1865[15] Од дебарски митрополит
Прокопиј Мегленски Προκόπιος 1865 - 1877[15] Од клавдиуполски епископ во берско-негушки митрополит[14]
Герман Апостолидис Γερμανός Αποστολίδης 1877 - 1881[15] Од иринуполски епископ во силивриски митрополит[14]
Калиник Мегленски Καλλίνικος 1881 - 1891[15] Од дебарско-велешки митрополит; поднел оставка[14]
Аверкиј Мегленски Αβέρκιος 1891 - 1894[15] Од галиполски и мадитоски епископ, поднел оставка поради старост[16]
Јоаникиј Маргаритиадис Ιωαννίκιος Μαργαριτιάδης 1894 - 1905[15] Од поранешен дескатски митрополит во имброски митрополит
Антим Саридис Άνθιμος Σαρίδης 1905 - 1908[15] Од родостолски епископ во визенско-мидиски митрополит
Смарагд Хаѕиевстатиу Σμάραγδος Χατζηευσταθίου 1908 - 1910[15] Од мириофитско-перистаски епископ во пловдивски митрополит
Константиј Русис Κωνστάντιος Ρούσης 1911 - 1912[15] Во воденски митрополит
Мегленско-лерински (Μογλενών και Φλωρίνης)
Име Грчки Години Белешки
Поликарп Сакеларопулос Πολύκαρπος Σακελλαρόπουλος 1912 - 1926[15] Од олимписки петренски епископ, подоцна берски и негушки митрополит
Лерински (Φλωρίνης)
Име Грчки Години Белешки
Хрисостом Кавуридис Χρυσόστομος Καβουρίδης 1926 - 1932[15] Од филиатонско-гиромериски митрополит; поднел оставка поради неприфаќање на грегоријанскиот календар
Леринско-мегленско-еордејски (Φλωρίνης, Αλμωπίας και Εορδαίας)
Име Грчки Години Белешки
Василиј Пападопулос Βασίλειος Παπαδόπουλος 1932 - 1967[17] Од ениџевардарски и гуменциски митрополит; поднел оставка поради старост
Доротеј Костурски јануари 1967 – јуни 1967, намесник[17]
Леринско-преспанско-еордејски (Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας)
Име Грчки Години Белешки
Августин Кандиотис Αυγουστίνος Καντιώτης 1967 – 2000[17] Поднел оставка поради старост
Теоклит Пасалис Θεόκλητος Πασσαλής 2010 –

Архијерејски намесништва[уреди | уреди извор]

Име Грчки
Леринско Φλώρινας
Кајларско Πτολεμαϊδας
Суровичевско Αμυνταίου
Преспанско Πρεσπών

Манастири[уреди | уреди извор]

Име Грчки Нас. место Грчки
Кладоропски манастир „Успение на пресв. Богородица“ Κοιμήσεως της Θεοτόκου Кладороби Κλαδορράχη машки
Лангански манастир „Св. Петка“ Αγίας Παρασκευής Ланга Μηλοχώρι машки
С’лповски манастир „Св. Кузман Етолиски“ Αγίου Κοσμά του Αιτωλού С’лпово Άρδασσα машки
Ќоселерски манастир „Св. Григориј Палама“ Αγίου Γρηγορίου του Παλαμά Ќоселер Αντίγονος машки
Кабаснички манастир „Св. Марко“ Αγίου Μάρκου Кабасница Πρώτη женски
Лерински манастир „Св. Августин“ Αγίου Αυγουστίνου Лерин Φλώρινα женски
Пателски манастир „Св. Пантелехмон и Евула“ Αγίου Παντελεήμονα και Ευβούλης Пателе Άγιος Παντελεήμονας женски

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Εκκλησία της Ελλάδος. Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας
  2. Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Μανάδης, Νικηφόρος. „Τα εκκλησιαστικά της επαρχίας Εορδαίας, σ. 1“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-08. Посетено на 10 септември 2015. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  4. Vailhé, Siméon (1909). Dictionnaire d'Histoire et de Géographie ecclésiastiques, vol. I. Paris. стр. 322–323.
  5. „Κάστρο Χρυσής“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-04-03. Посетено на 3 април 2018.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 Μελίσσας, Λάζαρος (2014). Η Μητρόπολη Μογλενών και Φλωρίνης μέσα από τα αρχεία της Αντιπροσωπείας - Δημογεροντίας (1907 - 1913) (Διπλωματική εργασία) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας. Σχολή Οικονομικών και Περιφερειακών Σπουδών. Τμήμα Βαλκανικών, Σλαβικών και Ανατολικών Σπουδών. стр. 191. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  7. Сава, Епископ Шумадијски (1996). Српски јерарси од деветог до двадесетог века. Евро Београд, Унирекс Подгорица, Каленић Крагујевац. стр. 131. Архивирано од изворникот на 2013-02-11. Посетено на 3 февруари 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. Димитровъ, Благой (1938). „Емборски спомени от 1895 год“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. X (10 (100): 4. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  9. „Η ΙΣΤΟΡΙΑ ΤΗΣ ΦΛΩΡΙΝΗΣ“. Архивирано од изворникот на 2011-08-27. Посетено на 21 октомври 2012.
  10. Μανάδης, Νικηφόρος. „Τα εκκλησιαστικά της επαρχίας Εορδαίας, σ. 2-3“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-08. Посетено на 11 септември 2015.
  11. ΕΤΟΣ 1967 Κύρια Εκκλησιαστικά συμβάντα
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 Μελίσσας, Λάζαρος (2014). Η Μητρόπολη Μογλενών και Φλωρίνης μέσα από τα αρχεία της Αντιπροσωπείας - Δημογεροντίας (1907 - 1913) (Διπλωματική εργασία) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας. Σχολή Οικονομικών και Περιφερειακών Σπουδών. Τμήμα Βαλκανικών, Σλαβικών και Ανατολικών Σπουδών. стр. 190. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  13. Crusius, Martin (1584). Turcograecia. Basileae. стр. 174.
  14. 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 Μελίσσας, Λάζαρος (2014). Η Μητρόπολη Μογλενών και Φλωρίνης μέσα από τα αρχεία της Αντιπροσωπείας - Δημογεροντίας (1907 - 1913) (Διπλωματική εργασία) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας. Σχολή Οικονομικών και Περιφερειακών Σπουδών. Τμήμα Βαλκανικών, Σλαβικών και Ανατολικών Σπουδών. стр. 192. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  15. 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 15,12 15,13 15,14 Μανάδης, Νικηφόρος. „Τα εκκλησιαστικά της επαρχίας Εορδαίας, σ. 2“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-08. Посетено на 11 септември 2015.
  16. Μελίσσας, Λάζαρος (2014). Η Μητρόπολη Μογλενών και Φλωρίνης μέσα από τα αρχεία της Αντιπροσωπείας - Δημογεροντίας (1907 - 1913) (Διπλωματική εργασία) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας. Σχολή Οικονομικών και Περιφερειακών Σπουδών. Τμήμα Βαλκανικών, Σλαβικών και Ανατολικών Σπουδών. стр. 193. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  17. 17,0 17,1 17,2 Μανάδης, Νικηφόρος. „Τα εκκλησιαστικά της επαρχίας Εορδαίας, σ. 3“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-08. Посетено на 10 септември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]