Филипско-неаполско-тасоска епархија
Филипско-неаполско-тасоска епархија Ιερά Μητρόπολη Φιλίππων, Νεαπόλεως και Θάσου | |
---|---|
Епархија | |
Катедралата „Св. Павле“ во Кавала | |
Место | |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Митрополит | Стефан |
Седиште | Кавала |
Информации | |
Основана | 1924 |
Катедрала |
|
Матична црква | Цариградска патријаршија (под управа на Грчката православна црква) |
Мрежно место | |
im-philippon.gr |
Филипско-неаполско-тасоска епархија (грчки: Ιερά Μητρόπολη Φιλίππων, Νεαπόλεως και Θάσου) — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Кавала, Егејска Македонија.
Филипска епархия
[уреди | уреди извор]Филипи е антички град кој го примил посланието на христијанската вера во 50 г. од Апостол Павле при неговото прво патување (Дела 16, 12-40). Павле го посетил градот уште двапати, третиот пат меѓу 57 и 58 г. (Дела 20, 1-6). Христијанската заедница во Филипи уживала почит кај својот основач, кој им го испратил Епафродит (Филипјаните 4, 10-20), традиционално сметан за првиот епископ на градот. Неколку жители на Филипи умреле маченичка смрт, што се гледа од писмото на Поликарп Смирнски до филипјаните и како што е раскажано во Vetus Martyrologium Romanum[1]. Истиот мартиролог за 26 јули го спомнува св. Ераст, вториот епископ на градот, кој бил „оставен како епископ од блажениот Апостол Павле и таму овенчан со мачеништво“ („illic a beato Paulo Apostolo relictus Episcopus, ibidem martyrio coronatus est“).[2] Игнатиј Богоносец во писмото до христијанската заедница во Филипи од првите децении на II век го поздравува светиот епископ Виталиј.
Филипската епархија првично била потчинета на Солунската архиепископија. Подоцна е воздигната во митрополија, што се гледа во Notitia Episcopatuum, изготвен од византискиот цар Лав VI Мудриот (886-912), каде таа е ставена на 39-то место меѓу митрополиите на Цариградската патријаршија со 6 потчинети епископии: Полистил, Велиција, Христупол, Смолен, Кесаропол и Алектриопол.[3]
- Епископи
Име | Грчки | Години |
---|---|---|
Епафродит | Ἐπαφρόδιτος | светец, I век |
Ераст | Ἔραστος | светец, I век |
Виталиј | Βιτάλιος | почетокот на II век |
Порфириј | Πορφύριος | учесник на Сердичкиот собор, 343 – 344 г. |
Флавиј | Φλάβιος | спомнат во 367 г. |
Флавијан | Φλαβιανός | учесник на Третиот вселенски собор во Ефес во 431 г., потпишан „Φλαβιανοῦ Φιλίππων, ἐπέχοντος καὶ τὸν τόπον ῾Ρούφου τοῦ εὐλαβεστάτου ἐπισκόπου τῆς Θεσσαλονικέων“[4] |
Созонт | Σώζων | пред 449 – по 451 г. |
Аверкиј | Αβέρκιος | спомнат во 518 г. |
Деметриј | Δημήτριος | пред 533 – по 536 г. |
Андреј | Ανδρέας | спомнат во 692 г. |
Никандар | Νίκανδρος | спомнат во 717 г. |
Бонифациј | Βονιφάτιος | починал во 761 г. |
Николај | Νικόλαος | спомнат во 879 г. |
Василиј | Βασίλειος | |
Методиј | Μεθόδιος | |
Авксентиј | Αυξέντιος | спомнат во 975 г. |
Евтимиј | Ευθύμιος | спомнат во 997 г. |
Јован | Ιωάννης | спомнат во 1028 г. |
Инокентиј | Ιννοκέντιος | спомнат во 1053 г. |
Михаил | Μιχαήλ | спомнат во ~1334-1347 г.[5] |
Тасоска епархија
[уреди | уреди извор]Според Мишел Ле Кјен тасоскиот епископ Онорат е спомнат како учесник на Четвртиот вселенски собор во Халкидон во 451 г.[6] Во V-VI век е спомнат Александар.[7] Георгиј Мисаилидис бил тасоски митрополит од 1924 до 1932 г.
- Тасоски
Име | Грчки | Години |
---|---|---|
Онорат | Ονώρατος | 451 |
Александар | Αλέξανδρος | V – VI век |
Георгиј | Γεώργιος | 1924 – 1932 |
Филипско-неаполско-тасоска епархија
[уреди | уреди извор]Епархијата е основана во 1924 г. под името Кавалско-местенска (Καβάλας καὶ Νέστου). Во 1930 г. е преименувана во Филипско-неаполска (Φιλίππων καὶ Νεαπόλεως), а во 1953 г. преземањето на Тасос од Маронската епархија го добила сегашното име.
- Филипско-неаполско-тасоски митрополити
Име | Грчки | Години |
---|---|---|
Хрисостом | Χρυσόστομος | 1924 – 1962 |
Александар | Αλέξανδρος Κοντώνης | 1965 – 1974 |
Прокопиј | Προκόπιος Τσακουμάκας | 1974 – 2017 |
Стефан | Στέφανος Τόλιος | 2017 – |
Манастири
[уреди | уреди извор]Име | Место | |
---|---|---|
„Св. Сила“ | Кавала | машки |
„Успение на пресв. Богородица“ | Тасос | машки |
„Св. Пантелејмон“ | Тасос | женски |
„Св. Преображение“ | Газилер | женски |
„Св. Архангел Михаил“[8] | Тасос | женски |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Полн наслов: Vetus Martyrologium Romanum: „Philippis, in Macedonia, natalis sanctorum Martyrum Rufi et Zosimi, qui ex illorum numero discipulorum fuerunt, per quos primitiva Ecclesia in Judaeis et Graecis fundata est; de quorum etiam felici agone scribit sanctus Polycarpus in epistola ad Philippenses“
- ↑ „Vetus Martyrologium Romanum. A.D. MDCCCCLVI“ (PDF). Посетено на 14 октомври 2015.
- ↑ Heinrich Gelzer, Ungedruckte und ungenügend veröffentlichte Texte der Notitiae episcopatuum, во: Abhandlungen der philosophisch-historische classe der bayerische Akademie der Wissenschaften, 1901, стр. 558, nnº 595-601.
- ↑ „Ῥοῦφος, ἐπίσκοπος Θεσσαλονίκης“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2016-10-09. Посетено на 7 октомври 2016.
- ↑ Καλέκα, Μανουήλ (1865). Τα ευρισκόμενα πάντα. Παρίσι: Jacques-Paul Migne. стр. 1216.
- ↑ Lequien, Michel (MDCCXL). Oriens christianus in quatuor Patriarchatus digestus, Tomus II. Parisiis, ex Typographia Regia. стр. 87–88. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ Bulletin de corresponda0nce hellénique. Supplément, 8 (1983), p. 212.
- ↑ Метох на светогорскиот манастир Филотеј.