Епафродит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Апостол Епафродит

Епафродит (Έπαφρόδιτος) е еден од Седумдесет Апостоли, кого како светец го слават и православната и католичката црква. Бил прв апостол во Мала Азија.

Епафродит е познат како помошник при мисијата на Апостол Павле (Филипјани 2:25 и 4:18). Познато е дека вредно работел на таа задача, поради што го изгубил и здравјето. Според зборовите на Павле: „Болен е, и скоро ќе умре“. Но, тој се опоравил, и Павле го испратил назад во Филипи. Во своето Послание до Филипјаните Павле ги теши неговите пријатели, кои чуле за неговата тешка болест и моли за него, Црквата да го прими со радост (Филипјани 2:29).