Величка епархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Величката епархијаепархија, за чиј прв епископ бил хиротонисан Св. Климент Охридски кој ја носел титулата епископ Велички (893 – 916).[1] Tака е запишано во месецословот на Aсемановото евангелие и во некои од неговите слова, како и во житијата.[2][3]

Свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот славјански епископ во македонската - Величка епархија. Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров.

На 17 јули 1967 година, на Третиот црковно народен собор, одржан во Охрид во древната катедрала на охридските архиепископи „Св. Софија“ е обновена древната Величка епархија со седиште во Охрид. Епископ Велички (на возобновената епархија), бил г. Методиј (Попоски)[4].

Само после една година, на одржаниот Црковно народен собор на 17 октомври 1968 година, со одлука бр. 538, древната Величка епархија е преименувана во Дебарско-кичевска епархија, повторно со седиште во Охрид[5][6].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Точната местоположба/протирање на Величката епархија сè уште не е до крај разјаснето и постојат различни мислења, а најверојатно е дека ја опфаќала територијата од Охрид, по р. Tреска (Велика или Голема Река) до Скопје.

Во МПЦ титулата на оваа епархија се доделува само на викарни архиереи. Светиклиментовата Величко-дремвитска епархија имала чист старомакедонски словенски карактер, се богослужело и администрирало на старословенски јазик и била почетокот на автокефалната Охридска архиепископија.[7]

Според некои учени седиштето на епархијата било во Охрид, и се именувала како „Ве­лич­ка епархија“. Нејзиното име „Величка“ е добиено според името на реката „Велика“ или „Голема Река“. Тоа е исто како и современиот пример на именување на епархиите според имињата на реките, како што се: Брегалничката, Повар­дарската епархија и сл. Велич­ката епархија на свети Климента се простирала по течението на Велика Река - Голема Река - Треска, до Скопје.[8]

Според други извори Величката епархија се протегала по течението на реката Велика Морава во Србија.

Според некои извори пак Величката епархија ја покривала територијата на некогашната Велика Моравија.[9].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Светите Кирил, Методиј, Климент и Наум . kralemarko.org.mk
  2. „АСЕМАНОВО ЕВАНГЕЛИЕ | | Македонска Енциклопедија“ (mk-MK). конс. 2019-05-27. 
  3. „ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА | | Македонска Енциклопедија“ (mk-MK). конс. 2019-05-27. 
  4. http://www.oldprilep.com/sveshtenstvo/djordji-poposki-metodij.html
  5. mpc.org.mk
  6. Историја на Дебарско-кичевската епархија. dke.org.mk
  7. Jован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997
  8. Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Библијата во делата на свети Климент Охридски, Скопје 2001, 54.
  9. Св. Климент е епископ на Велика Моравија. macedonianspark.com