Мегленска тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мегленска тврдина
Κάστρο Μογλενών
Maglen-castle.jpg
Мегленската тврдина од југоисток
МестоСлатина, Воденско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°57′14″ СГШ; 22°06′16″ ИГД / 40.9538° СГШ; 22.1045° ИГД / 40.9538; 22.1045Координати: 40°57′14″ СГШ; 22°06′16″ ИГД / 40.9538° СГШ; 22.1045° ИГД / 40.9538; 22.1045
Површина4 ха
Историја
Раздобјесреден век, можеби и антика
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаделумно запазена
Ѕидина на тврдината.

Мегленска тврдина (грчки: Κάστρο Μογλενών, Κάστρο Χρυσής) — средновековна тврдина, чии остатоци се наоѓаат близу воденското село Слатина (Хриси) во општината Меглен, Егејска Македонија, денес во Грција.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека тврдината е средновековниот град Меглен, седиште на истоимената византиска тема и епархија од XI век или порано.[1] Во 1134 г. е засведочен епископот Иларион Мегленски.[2][3]

Според патешественикот Алфред Делакулонш од XIX век, ова е местото на древномакедонскиот град Европ, претпоставка усвоена од археологот Деспина Евгениду. Меѓутоа, на ова место засега не се откриени остатоци од антички град, а за местоположбата на Европ има и други мислења, како она на Николаос Пападакис кој во 1913 г. го поистоветил со Рудинското кале кај с. Рудино (Алорос).[1]

Тврдината била упориште на кавханот Дометијан и болјарот на Мегленската област, Илица[4] против војската на византискиот цар Василиј II. За да ја заземе, во 1015 г. Василиј бил принуден да ја пренасочи реката Мегленица, да ги поткопа темелите на тврдината и да користи оган за конечно да ја пробие.[5] Меглен се споменува во грамотите на царот Василиј II, во кои се определуваат границите на Охридската архиепископија.[1]

Во 1980 г. Мегленската тврдина е прогласена за заштитено археолошко наоѓалиште.[6]

Описание[уреди | уреди извор]

Зачуваните ѕидини на крепоста се од X–XII век, но веројатно се изградени врз постари одбранбени ѕидови. Ѕидовите се наполно проследливи, но подобро се запазени во јужниот и источниот дел.[1] Денес преостанатиот бедем има приближна должина од 500 метри и достига 7 метри во висина. Направени се од камења земени од реката Мегленица и редови од дробена тула. Зачувани се две елипсовидни, една округла и една квадратна кула.[1]

Подрачјето во ѕидините зафаќа 4 хектари, и се чини дека било проширувано на исток. Во рамките на тврдината е откриена трикорабна епископска базилика. Вон ѕидовите, во Долниот Град е пронајдена гробна црква.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Κάστρο Χρυσής“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. конс. 3 април 2018. 
  2. Православная энциклопедия. Грешка во Lua: . Москва: Церковно-научный центр «Православная энциклопедия». 2009. стр. 201-204. ISBN 978-5-89572-040-0. http://www.pravenc.ru/text/389221.html. 
  3. Μελίσσας, Λάζαρος (2014). Η Μητρόπολη Μογλενών και Φλωρίνης μέσα από τα αρχεία της Αντιπροσωπείας - Δημογεροντίας (1907 - 1913) (Διπλωματική εργασία). Θεσσαλονίκη: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας. Σχολή Οικονομικών και Περιφερειακών Σπουδών. Τμήμα Βαλκανικών, Σλαβικών και Ανατολικών Σπουδών. стр. 190. https://dspace.lib.uom.gr/bitstream/2159/16464/3/MelissasLazarosMsc2014.pdf. 
  4. Пламен Павлов, Пламен Павлов. Бунтари и авантюристи в средновековна България. Велико Търново: Абагар, 2000.
  5. Чолпанов, Борис (1976). Векове от слава, том 1. Военно издателство. стр. 90. 
  6. „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/68102/2652/4-12-1979 - ΦΕΚ 188/Β/25-2-1980“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. конс. 18 октомври 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]