Благој Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благој Димитров
Роден 1859
Емборе, денес Грција
Починал 1944
Софија, Бугарија

Благој (Вангел) (Поп) Димитров Хаџиев — македонски просветен деец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Благој Димитров е роден во 1859 година во Емборе, тогаш во Османлиското Царство, денес Емборио, Грција, во семејството на егзархискиот свештеник Димитар Хаџиев. Поп Димитар е убиен од Грци во гостилница во Кожани. Браќата на Благој, Крсто и Филип завршуваат во Солунската гимназија, а Атанас го помага на татко им.

Благој Димитров учи во своето родно село, а потоа во Цариград. Завршува гимназија во Пловдив. Од 1877 година учителството во Цариград, а потоа во Солун. Во 1885 година зема учество во Српско-бугарската војна. Во Солунската машка гимназија и во подоцнежниот отворен педагошки курс предава математика, физика и космография (1883-1884, 1888-1897). Диригент е на училиштен хор (1883-1884). Зема учество во македонските ослободителните борби и бил осомничен од властите и во 1897 година емигрира во Бугарија. Учителствал во Софиската машка гимназија. Член е на Македонскиот научен институт. Автор е на учебници по математика и на првата бугарска шаховска книга, брошурата "шаховска логика" (1911).

Во Првата балканска војна во 1912 година родната куќа на Благој Димитров е нападната од андартска чета. Братот на Благој, Крсто(Ставре) го засолнил семејството и заедно со дедо си Крсто Врингов и Козма Стојчев го мранел својот дом, тројцата загинале во запалената куќа [1].

Починал во 1944 година во Софија.

Син на Благој Димитров е правници Манчо Димитров, адвокат, судија во Апелациониот суд, убиен од Лав Главинчев околу 20 септември 1944година. Друг негов син е Стефан Благоев Димитров - директор на Првата машка и Првта женска гимназии во Софија во периодот 1933 - 1944.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 24 - 25.