Ајватово
Ајватово Λητή | |
---|---|
![]() Поглед на селото од блага падина | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°44.41′N 22°58.41′E / 40.74017° N; 22.97350° EКоординати: 40°44.41′N 22°58.41′E / 40.74017° N; 22.97350° E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Мигдонија |
Надм. вис. | 123 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 3.533 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 |
Повик. бр. | 23940–73 |

Ајватово (грчки: Λητή, Лити; до 1926 г. Αειβάτι, Ајвати[2]) — село (или гратче) во Општина Даутбал во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Смместено е во непосредна близина на градот Солун, на само 12 километри северно од неговуот центар.
Селото до денешен ден е населено исклучиво со Македонци.[3]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Ајватово се наоѓа во Лагадинско Поле на 10 километри западно од Лагадина крај главниот пат што води од Солун за Сер[3]. Сместено е на падините на ниската планина Даутбал, на надморска височина од 150 метри со атар чие пространство зафаќа 19 км²[3]. Иако не е големо, Ајватово има статус на полуградска населба[3]. Главното занимање на жителите е земјоделството и основни земјоделски производи се жито и тутун[3]. За потеклото на името се претпоставува дека има турски корени. Името на ова село е многу слично со името на скопското село Ајватовци.
Историја[уреди | уреди извор]
Ајватово или Ајвати како што многумина од патописците и околното население го викале, било патријаршиско село под големо влијание на грчката пропаганда поради блискоста до главниот центар Солун. Ајватово, Ѓувезна (Асирос), Дремиглава (Дримос), Балџа (Мелисохори) и Лагиново (Лагина) се села со сродна историја кои заедно многу рано подпаднале под грчката пропаганда и нивната „Македонска Борба“ - «μακεδονικού αγώνα». Во селото уште на почетокот на XX век било организирано патријаршиско основно училиште со еден учител задолжен за 207 ученици.[4] Од ова место потекнува Андон (Антон) Димитров Филахтечев или скратено како што го знаеме Андон Димитров еден од основачите на ВМРО на 23 октомври 1893 година во Солун.[5]
Од 1913 година после големите борби и меѓусебни преземања и смена на окупаторите за две години неколкупати, паѓа конечно под грчка власт. Името на селото опстојува сè до почетокот на втората деценија од 20век кога со декретот за измена на топонимијата во Северна Грција на 31.08.1926 година му се смени името во Лити или Лете спрема новиот изговор.[6] Новото име Лити го добива по истоимената античка населба која била центар на областа Мигдонија и постоела уште во времето на Филип II Македонски.
Демографија[уреди | уреди извор]
Селото Ајватово (Лити) не било колонизирано бегалско население Маџири во 1922-1926. До ден денешен претставува чисто македонска населба во овој регион со неколку други. Ајватово е една од најголемите македонски населби во Солунската околина која до денес во етнички поглед нема претрпено никакви промени[3].
- Ајватлу - 1862 год = 167 куќи - [Dimitriadis, 417, 445]
- Аиват - 1886 год = 80 семејства - [Schinas 1886, 391]
- Ајватово - 1900 год = 1580 жит. - Васил Кънчов „Македония. Етнография и статистика
- Ајватово - 1905 год = 2000 жит. - La Macédoine et sa Population Chrétienne - Brancoff (Димитър Мишев)
- Аевати - 1906 год = 1395 жит. - Έκθεση Σάρρου
- Аеватион = 1503 жит. - Попис 1913 г.
- Аеватион = 1495 жит. - Попис 1920 г.
- Лити = 1579 жит. - Попис 1928 г.
- Лити = 1788 жит. - Попис 1940 г.
- Лити = 3213 жит. - Попис 1951 г.
- Лити = 1852 - Попис 1961
- Лити = 1689 - Попис 1971
- Лити = 1747 - Попис 1981
- Лити = 2016 - Попис 1991
Личности[уреди | уреди извор]
- Андон Димитров — учител, еден од основачите на ТМОРО (ВМРО)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αειβάτι -- Λητή
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 308.
- ↑ ПДФ документ
- ↑ Андон Димотров
- ↑ Смена на имињата на населбите во Грција
|