Прејди на содржината

Гвоздово

Координати: 40°49′N 23°2′E / 40.817° СГШ; 23.033° ИГД / 40.817; 23.033
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ѓувезна)
Гвоздово
Άσσηρος
Гвоздово is located in Грција
Гвоздово
Гвоздово
Местоположба во областа
Гвоздово во рамките на Лагадина (општина)
Гвоздово
Местоположба на Гвоздово во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°49′N 23°2′E / 40.817° СГШ; 23.033° ИГД / 40.817; 23.033
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаГвоздово
Надм. вис.&10000000000000196000000196 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.843
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Гвоздово или Ѓувезна (грчки: Άσσηρος, Асирос, до 1926 г. Γιουβέσνα, Гивезна)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.843 жители (2021).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри северозападно од градот Лагадина и на 22 килиметри северно од Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 196 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Старата црква во селото е „Св. Илија“, а новата, чија изградба започнала во 1990 година е „Св. Константин и Елена“[3]. Според податоци на локалната управа, црквата Свети Илија била изградена во 1810 година, но Анастасија Каракасиду, автор на монографијата за историјата на селото, повикувајќи се на информациите од францускиот патник Еспри-Мари Кузинери, смета дека во тоа време населбата е претежно муслиманска[4]. Таа наведува дека христијанското население се населило кон средината на XIX век, кога селото било претворено во мало гратче, една од двете постојки за ноќевање на патници меѓу Сер и Солун[4]. Меѓу доселениците имало значителен број Грци или погрчени Власи од Трикала[5].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства со 378 жители Грци[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 360 Турци и 500 жители Грци[7]. Според Васил К’нчов, населението не било грчко, туку се работи за погрчени Македонци.

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 650 Грци и работело грчко училиште[8][9]. Според Каракасиду во селото пред 1912 година живееле и македонски христијани[10]. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија селото било една од базите на грчките чети, во него нашле засолниште бегалци од промакедонските села, како Ајватово[11].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Асирос.[12]

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[13] по кое било предадено на бугарските сили. За време на окупацијата селото станало место на одделни судири меѓу спротивставените организации Народноослободителен фронт и Ослободителната организација во која се вклучиле локалните селани. Од септември 1944 година според Договорот од Варкиза во почетокот на 1945 година селото било под контрола на Народноослободителниот фронт[14].

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Гвоздово
  • Фотиос Давас (Φώτιος Ντάβας)[15]
  • Христос Цулис (Χρήστος Τσούλης)[15]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Άσσηρος
  3. Каракасиду 2008, с. 32 – 35.
  4. 4,0 4,1 Каракасиду 2008, с. 77– 78.
  5. Каракасиду 2008, с. 81.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  10. Каракасиду 2008, с. 49.
  11. Каракасиду 2008, с. 145-176.
  12. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  14. Каракасиду 2008, с. 258-260.
  15. 15,0 15,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903 – 1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 44