Дервентски папирус


Дервентски папирус — древен папирус, пронајден во 1962 г. во некрополата на древномакедонскиот град Лете на месноста Дервент, кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, Егејска Македонија. Се смета за најстариот зачуван ракопис во цела Европа и датира од времето на кралот Филип II Македонски.
Своевремено е означен како еден од големите скандали во науката, во кој се обвинети дузина грчки стручњаци дека одбиваат јавно да го претстават, цели 44 години откако е пронајден. Денес тој конечно е објавен.
Папирусот кој датира од околу 340 г. п.н.е. е од огромно значење за многу науки и претставува најстара преживеана книга на европската цивилизација и препис на оригинално дело од V век п.н.е.[1] Составен е од фрагменти на коментари за една песна опишана како орфејски.
Денес ракописот се чува во Археолошкиот музеј во Солун.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „The Derveni Papyrus: An Interdisciplinary Research Project“. Harvard University, Center for Hellenic Studies. Архивирано од изворникот на 2017-07-30. Посетено на 2021-10-26.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Дервентски папирус на Ризницата ?
- Конечно објавен бесценет папирус, Катимерини (англиски)
- За Дервентскиот папирус во Classical Review, 2006 г. (англиски)