Прејди на содржината

Даутли (Солунско)

Координати: 40°48.11′N 22°54.28′E / 40.80183° СГШ; 22.90467° ИГД / 40.80183; 22.90467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Даутли
Μονόλοφο
Даутли is located in Грција
Даутли
Даутли
Местоположба во областа
Даутли во рамките на Даутбал (општина)
Даутли
Местоположба на Даутли во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.11′N 22°54.28′E / 40.80183° СГШ; 22.90467° ИГД / 40.80183; 22.90467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДаутбал
Општ. единицаКалитеја
Надм. вис.&10000000000000240000000240 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно370
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.545 00

Даутли (грчки: Μονόλοφο, Монолофо; до 1926 г. Δαουτλή, Даутли[2])— село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината истоимената општина во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 370 жители (2011).

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Галик. Се наоѓа на помалку од 3 км североисточно од Џумаја, северно од Солун, а јужно од Кукуш.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Сè до 1920-тите селото Даутли било населено со Турци.[3]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 86 жители, сите Турци. Во овој период, во својот патописен попис Боривое Милоевиќ го завел како село со 10 турски куќи, а во 1920 г. се попишани само 26 жители, што укажува на тоа дека пострадало во Првата светска војна.[3] Во 1924 г. населението е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти, и тоа 29 семејства од Понд и 4 семејства од Источна Тракија. Во 1928 г. Даутли било наполно дојденско село со 123 жители од 35 семејства.[4] Во 1926 г. селото е преименувано во Монолофо.

Населението на Даутли доживеало нагол пораст почнувајќи од пописот во 1961 г. бидејќи кон него почнало да се брои населението на селото Прнар, кое потоа е напуштено.

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 191 135 442 329 322 446 448 370
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во селото претежно се произведуваат тутун и жито.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δαουτλή -- Μονόλοφο
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 316.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.