Камара
Камара Χλωρονομή | |
---|---|
Координати: 40°48.7′N 22°55.54′E / 40.8117° СГШ; 22.92567° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Даутбал |
Надм. вис. | 225 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Камара (грчки: Καμάρα) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало северно од Балџа и јужно од Воловод.
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Камара (Camara) било село со 15 домаќинства сочинети од 73 жители Грци.[1]
На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Камара (Kamara) имала 88 Македонци и 5 Грци.[2][3]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. во селото се заведени 10 лица, кои во 1920 г. нараснале на 49.[4]
Во меѓувреме изгледа дека селото се распаднало. Тоа не се спомнува на пописот од 1928 г., а во 1940 г. се води со само 7 жители, што, според Тодор Симовски, ова укажува на фактот дека тогаш веќе било приватен имот.[4] Камара подоцна не се спомнува, што значи дека е отпишана.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 152–153. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218.
- ↑ 4,0 4,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 324. ISBN 9989-9819-6-5.
|