Дремиглава
Дремиглава Μονόλοφο | |
---|---|
Координати: 40°46.52′N 22°57.32′E / 40.77533° СГШ; 22.95533° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Мигдонија |
Надм. вис. | 200 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 3.659 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 00 |
Повик. бр. | +30 23940 |
Дремиглава или Дремиглав (грчки: Δρυμός, Дримос, до 1927 г. Σιδηροκέφαλον, Сидирокефалон;[2] до 1926 г. Δρυμίγκλαβα, Дремиглава[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.659 жители (2011), од кои сите се Македонци, иако од поодамна погрчени.[4]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во северозападниот дел на Лагадинското Поле, 7 км северно од Ајватово, 8 км северозападно од Лагадина и 15 км северно од Солун. Има неколку маала: Ангел, Платан (Платанус), Метох (Митох), Бари (Барис) и Скини (Скинис).[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Дремиглава било македонско село во процес на погрчување, бидејќи тука уште одамна почнала да работи грчката пропаганда. На самиот почеток на XX век е забележано:
„ | Селата Балџа, Дреми Глав и Гивезна (Гвоздово) се македонски, целосно погрчени. Во Балџа уште има старци што знаат македонски, но новото поколение не знае. И тука, како и во Халкидик, уште се пеат македонски песни.[6][7] | “ |
Во 1820 г. попот Димитрис Златанос (Димитар Златановски) во Дремиглава отворил училиште за сиромашни деца. Во 1840 г. со средства на селаните е изградена училишна зграда, обновена во 1876 г. и одново изградена помеѓу 1900 и 1913 г.[5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреми глава (Dremi-glava) Дремиглава е „грчко“ (погрчено македонско) село од 182 домаќинства со 771 жител.[8]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Дремиглав живееле живеят 1.300 „Грци“ (погрчени Македонци).[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дармос (Дреми глава) (Darmos Dremi-Glava) имало 2.000 жители „Грци“ (погрчени Македонци) и во селото работело грчко училиште.[10]
Жителите на селото зеле активно учество во Грчката вооружена пропаганда во Македонија.[5][11]
Според грчкиот пропагандистички просветар Димитриос Сарос во 1906 г. Дремиглава (Δρυμίγκλαβα) било гркојазично село во Солунската митрополија со 2.400 жители со грчка национална свест. Во него работеле шестгодишно грчко училиште и детска градина со 188 ученици и 4 учители.[12]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна во 1912 г. Дремиглава е окупирана од бугарската војска. Селото го посетувале андарти и агитатори, кои ги терале селаните не не ѝ се потчинуваат на бугарската власт.[13] По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година тука се попишани 2.162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 1.913 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Сидирокефалон, а во 1927 г. во Дримос. На пописот во 1928 г. Дремиглава имала 2.007 жители, и останала етнички непроменета. бидејќи тука власта не биле доселувала грчки колонисти (сметајќи го селото за веќе „грчко“).[4]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.053 | 2.139 | 1.972 | 1.794 | 1.819 | 2.060 | 2.487 | 3.659 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во селото се произведува тутун, жито и други земјоделски производи.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σιδηροκέφαλον -- Δρυμός
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρυμίγκλαβα -- Σιδηροκέφαλον
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Δήμος Μυγδονίας. Δρυμός“. Архивирано од изворникот на 2008-05-08. Посетено на 2019-11-26.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 75. ISBN 954430424X.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152 – 153.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 299. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р. 218-219.
- ↑ „Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΗΝ ΚΕΝΤΡΙΚΗ ΚΑΙ ΑΝΑΤΟΛΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ΤΟ 1905 ΚΑΙ Ο ΡΟΛΟΣ ΤΟΥ ΠΡΟΞΕΝΕΙΟΥ ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗΣ“. Архивирано од изворникот на 2012-12-26. Посетено на 2019-11-26.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137.
- ↑ „Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 171. (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель – „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Дремиглав (грчки)
|