Прејди на содржината

Ак Бунар (Солунско)

Координати: 40°46.0′N 23°1.0′E / 40.7667° СГШ; 23.0167° ИГД / 40.7667; 23.0167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ак Бунар
Ασπρόβρυση
Ак Бунар is located in Грција
Ак Бунар
Ак Бунар
Местоположба во областа
Карипци во рамките на Даутбал (општина)
Карипци
Местоположба на Карипци во општината Даутбал и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.0′N 23°1.0′E / 40.7667° СГШ; 23.0167° ИГД / 40.7667; 23.0167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДаутбал
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ак Бунар или Акбунар (грчки: Ασπρόβρυση, Аспровриси; до 1926 г. Ακ Μπουνάρ, Ак Бунар[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Денес е населба на градот Даутбал. Порано било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Акбунар е северна населба на Даутбал, сместена во поножјето на планината Балџа. Тука се наоѓаат Првата и Втората гимназија на Даутбал.

Историја

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоди од Ак Бунар

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Ак Бунар било мало македонско селце во Вардарската нахија на Солунската каза.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ак Бунар (Ac Bounar) има 8 домаќинства сочинети од 35 жители Македонци.[4][5] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ак Бунар живееле 70 Македонци христијани.[4][6]

Населението било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ак Бунар (Ak Bounar) имало 80 Македонци, сите под патријаршијата.[4][7] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Ак Бунар се состоел од 3 македонски куќи.[8]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората балканска војна во 1913 г. селото настрадало од грчката војска, поради што во 1913 г. тоа се води како напуштено.[2] Истата година селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Нешто подоцна селото е обновено кога во него се доведени грчки колонисти, така што во 1920 г. во него се попишани 40 лица. Потоа тука дошле уште грчки колонисти, за во 1928 г. да порасне на 61 жител.[2] Во 1926 г. Ак Буунар (бел бунар на турски) е преименуван во Аспровриси, што е буквален превод.

Во 1940 г. селото не се води како одделно бидејќи е вбројано во жителите на Балџа, но на следните пописи тоа се брои за одделно. Некаде 1980-тите Ак Бунар припоен кон Даутбал како негов северен дел.

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 95 122 144 187
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 308. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 39. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.