Прејди на содржината

Карипци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карипци
Χλωρονομή
Карипци is located in Грција
Карипци
Карипци
Местоположба во областа
Карипци во рамките на Даутбал (општина)
Карипци
Местоположба на Карипци во општината Даутбал и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.0′N 23°1.0′E / 40.7667°N 23.0167°E / 40.7667; 23.0167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДаутбал
Население
  Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Карипци (грчки: Χλωρονομή, Хлорономи; до 1927 г. Καρίπτσια, Карипција[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Лагадинското Поле, северозападно од Лагадина. Местото се наоѓа крај денешнит автопат СолунДраготин (А25). Најблиски населени места се Ракли на југоисток и Ајватово на југозапад.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1797 г. се спомнува потурчувањето на Македонецот Јане Митрев (Јано Митре) од селото Карипци, Лагадинско.[2][3]

Оваа населба порано била турски чифлик, за првпат попишан во 1920 г. со 354 жители.[4]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На ова место дошле грчки доселеници што основале нова населба. Во 1927 г. местото е преименувано во Хлорономи. Во 1928 г. во селото се попишани 212 жители.[4]

Поради неповолните услови за живот населбата почнала постепено да се распаѓа. Карипци за последен пат е попишано во 1940 г. со 48 жители. Селото е наполно напуштено некаде во 1940-тите бидејќи отсуствува од повоените пописи.[4]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. Нарекувајќи го „Бугарин“
  3. Македония : Сборник от документи и материали. София: Българска академия на науките. Институт за история. Институт за български език, Издателство на Българската академия на науките. 1978. стр. 132.
  4. 1 2 3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 326. ISBN 9989-9819-6-5.