Голема Река (Негушко)

Координати: 40°41′N 22°01′E / 40.683° СГШ; 22.017° ИГД / 40.683; 22.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема Река
Ροδοχώρι
Панорама на селото Голема Река
Панорама на селото Голема Река
Голема Река is located in Грција
Голема Река
Голема Река
Местоположба во областа
Голема Река во рамките на Негуш (општина)
Голема Река
Местоположба на Голема Река во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 22°01′E / 40.683° СГШ; 22.017° ИГД / 40.683; 22.017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаНегуш
Надм. вис.&10000000000000540000000540 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно490
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Голема Река (грчки: Ροδοχώρι, Родохори; книжевно: Ροδοχώριον, Родохорион; до 1926 година: Γκολέμα Ρέκα, Голема Река[2]; до 1955 година: Μέγα Ρεύμα, Мега Ревма[3]) — село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри северозападно од градот Негуш, на надморска височина од 540 метри.[4]

Сместено е во североисточните пазувите на планината Каракамен.

Историја[уреди | уреди извор]

Голема Река е мошне стара населба, која била населена исклучиво со македонско население. Селото било разурнато од војските на Лобут-паша во времето на Негушкото востание во 1822 година и неговото население кое успеало да се спаси од јатаганите на турската војска се раселило на сите страни. Селото не било обновено цели 100 години, но објектите повремено ги користеле влашки сточарски семејства.[4]

По 1923 година, селото било обновено и во него биле населени грчки бегалски семејства од Понд.[4] Во 1928 година, селото претставувало чиста бегалска населба со 149 бегалски семејства со вкупно 457 жители.[5]

Селото повеќепати го менувало своето име. До 1926 година било нарекувано Голема Река (Γκολέμα Ρέκα), до 1955 година Мега Ревма (Μέγα Ρεύμα), што претставувало едноставен превод на македонското име на грчки јазик, а моментално го носи името Родохори (Ροδοχώρι). Ова преименување се случило по Граѓанската војна, со цел бришење на секоја трага од старото име. Моментално име во буквален превод означува „село со праски“.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни занимава во селото се земјоделството и сточарството. По Втората светска војна, селаните масовно подигнувале овоштарници, во прв ред со праски, кои многу добро успеваат во областа, кои се наводнуваат од истоимената река. Исто така, се одгледуваат и добиточни култури, а поради богатите и пространи пасишта, прилично е развиено и краварството.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 280 Македонци христијани.[6]

Обновеното село, првпат се појавува во пописот од 1928 година, како чиста бегалска населба, кога бројот на жители изнесувал 475, во 1940 година 653, во 1951 година 478, во 1961 година 666, во 1971 година 618, во 1981 година 611, а во 1991 година 623 жители.[4]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 578 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 490 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 653 478 666 618 611 623 578 490
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голема Река, во кој покрај селото Голема Река влегуваат и селата Држилово и Куцуфљани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκολέμα Ρέκα - Μέγα Ρεύμα
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μέγα Ρεύμα - Ροδοχώριον
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 32–33.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.

Белешки[уреди | уреди извор]