Станица Негуш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Станица Негуш
Σταθμός Νάουσας
Железничката станица во Негуш кон крајот на XIX век
Железничката станица во Негуш кон крајот на XIX век
Станица Негуш is located in Грција
Станица Негуш
Станица Негуш
Координати: 40°37′N 22°08′E / 40.617° СГШ; 22.133° ИГД / 40.617; 22.133Координати: 40°37′N 22°08′E / 40.617° СГШ; 22.133° ИГД / 40.617; 22.133
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаНегуш
Надм. вис.&10000000000000545000000545 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно85
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Станица Негуш (грчки: Σταθμός Νάουσας, Статмос Наусас) — железничка станица во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Станицата, која се води како посебна населба, се наоѓа на седум километри југоисточно од градот Негуш и на 12 километри северозападно од градот Бер, веднаш на самата железничка линија Бер-Воден, на надморска височина од 545 метри.[2]

Сместена е во Солунското Поле.

Историја[уреди | уреди извор]

По 1928 година е изградена нова мала населба околу железничката станица на железничката линија Бер-Воден, која поради близината на железничката станица е именувана со името на станицата.[2]

Во населбата биле сместени неколку грчки бегалски семејства.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Жителите на населбата се занимаваат со земјоделство, како и останатите села во областа. Пространите обработливи површини се претворени во овоштарници, особено на праски.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Населбата прв пат е спомената со пописот од 1940 година, кога била забележана со 81 жител (главно бегалски семејства), во 1951 година 70, во 1961 година 123, во 1971 година 68, во 1981 година 67, а во 1991 година 81 жител.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 81 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 85 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 81 70 123 68 67 81 81 85
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Населбата припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, населбата е дел од општинскиот оддел Негуш, во кој покрај градот Негуш, влегуваат и населбата Станица Негуш, селото Горно Шел, селото Гимново и туристичкиот центар Свети Никола.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35.