Пископија

Координати: 40°41′N 22°08′E / 40.683° СГШ; 22.133° ИГД / 40.683; 22.133
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пископија
Επισκοπή
Пископија is located in Грција
Пископија
Пископија
Местоположба во областа
Пископија во рамките на Негуш (општина)
Пископија
Местоположба на Пископија во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 22°08′E / 40.683° СГШ; 22.133° ИГД / 40.683; 22.133
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаАнтемија
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,623
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Пископија (грчки: Επισκοπή, Епископи) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Девојка од Пископија во народна носија, фотографија од почетокот на XX век

Селото се наоѓа на петнаесет километри североисточно од градот Негуш и 10 километри југозападно од Вртикоп, на надморска височина од 80 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 16 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, во западниот дел на Солунското Поле, крај самата железничка линија која води од Солун и Бер за Негуш и Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1923 година, во селото биле населени Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Пископија станала мешана населба со 131 бегалско семејство со вкупно 493 жители.[3].

Селото Пископија, како и сите села од ова подрачје, до 1924 година била населено исклучително со македонско население.[2]

Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“, се наведува дека и денес селото е населено една половина со Македонци, а една половина потомци на грчките бегалци.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на селото се занимава со овоштарство (постојат пространи плантажи со праски и друго овошје), а делумно е развиено и одгледувањето на млечни крави.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Пископиja живееле 340 Македонци.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пископија имало 280 Македонци.[5]

За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 296, а во 1920 година со 294 жители. По 1923 година тука биле населени бегалски семејства (вкупно 399 бегалци), така што селото станало мешана населба, која во 1928 година била попишана со 811 жители, во 1940 година со 1.080, во 1951 година со 1.225, во 1961 година со 1.457, во 1971 година со 1.564, во 1981 година со 1.700, а во 1991 година со 1.728 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.916 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.623 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.080 1.225 1.457 1.564 1.700 1.728 1.916 1.623
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пископија, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 38.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 149.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.

Белешки[уреди | уреди извор]