Катја Паскалева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катја Паскалева
Роден(а)18 септември 1945(1945-09-18)
Петрич, Бугарија
Починал(а)23 јули 2002(2002-07-23) (возр. 56)
Софија, Бугарија
Занимањефилмска и театарска глумица

Катја Паскалева (бугарски: Катя Паскалева 18 септември 1945 - 23 јули 2002) - бугарска филмска и театарска глумица.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Катја Паскалева е родена на 18 септември 1945 година во градот Петрич, Бугарија. Во 1967 година, дипломирала на Академијата за театарска и филмска уметност, каде Методи Андонов ја подучувал глума. Кариерата ја започнала во театарот Пазарџик, а потоа се приклучила кон екипата на градскиот театар во Софија. Во 1985 година, Паскалева станала дел од познатиот сатиричен театар „Алеко Константинов“ во Софија.

На филм дебитирала со улога во филмот Понеделник наутро (1966), кој бил забранет од комунистичкиот режим во тоа време и бил за првпат прикажан во 1988 година. Позната е по улогата Марија во бугарскиот филм Козји рог (1972), за која добила позитивна критика. Играла во филмовите Крајот на песната (1971), Вила Зона (1975), Матријархат (1977), Елегија (1982), Ева од третиот спрат (1987), како и во бројни театарски претстави во театарот „Алеко Константинов“ во Софија.

Починала од рак, во 2002 година, во Софија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]