Долене

Координати: 41°26′47″N 23°1′49″E / 41.44639° СГШ; 23.03028° ИГД / 41.44639; 23.03028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долене
Поглед од селото Долене
Поглед од селото Долене
Долене is located in Пиринска Македонија
Долене
Долене
Местоположба на Долене во Пиринска Македонија
Координати: 41°26′47″N 23°1′49″E / 41.44639° СГШ; 23.03028° ИГД / 41.44639; 23.03028
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна12.067 км2 (4,659 ми2)
Надм. вис.&10000000000000710000000710 м
Население (2015)
 • Вкупно23
 • Густина0,0.019/км2 (0,0.049/ми2)
Часовен појасEET
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC)
Повик. бр.074204

Доленесело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во планински реон, на јужните делови од планината Огражден, на 22 километри северозападно од градот Петрич. Западно од селото поминува реката Градешница. Атарот на селото зафаќа површина од 12.067 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 710 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Долене има историја уште од античкиот период. Во околината на селото има остатоци од антички и средновековни населби.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото Долене се споменува во отоманските даночни регистри од 1570 и 1665 година. Според првиот регистар, 2 муслимански и 12 христијански домаќинства живеат во селото[1]. Во периодот од 16 - 19 век, на селската територија се одржувал славниот Доленски саем - еден од најголемите саеми во европските граници на Отоманското Царство[2]. За панаѓурот, кој се одржувал секоја година и траел 40 дена, детални информации дал патописецот Евлија Челебија, кој го посетил селото во 1670 година. За селото, тој напишал:

Еднаш годишно, илјадници луѓе од Румелија, арапските земји, Персија, Индија, Самарканд, Бухара, Египет, Сирија, Ирак и од сите страни на Европа се собираат овде...[3]


Во 1873 година во селото била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која претставува споменик од големо значење. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долене (Dolené) се состоело од 90 куќи и 325 Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 600 жители, од кои сите биле Македонци.[4][6]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 736 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало едно основно училиште со еден учител и 17 ученици[7].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 34 жители од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[8].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Горчево е мала на поранешното село Игуменец.

Население[4][9][уреди | уреди извор]

Население на Долене по попис[9]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 269 357 366 264 226 100 60 44 24 23
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

Личности[уреди | уреди извор]

  • Иван Велков, македонски деец и револуционер

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 555-556
  2. Петър Петров. „Долянският панаир“, списание „Македонски преглед“, 1994, кн. 4, стр. 59-82
  3. Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр. 277-280
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 843
  9. 9,0 9,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Долене, общ. Петрич, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]