Васил Григоров Василев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Григоров Василев
Роден 17 јуни 1915
Петрич, Бугарија
Починал 2006
Петрич, Бугарија

Васил Григоров Василев (Цветков), (Петрич 1915 - Петрич, 2006) беше македонски борец, учесник во партизанското антифашистичко движење во Пиринска, во Егејска и во Вардарска Македонија. Тој бил партизан од јануари 1944 година во ЕЛАС, потоа е еден од основачите на Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај политички комесар на чета и пом.политички комесар на баталјон во Втора македонска НОУБ и на Четиринаесетта македонска бригада. Учествувал на сите три заседанија на АСНОМ. 1949 година е уапсен од „Државна безбедност“ во Петрич по обвинување дека како агент на УДБА агитирал за присоединувањето на Пиринска Македонија кон СРМ, односно кон Југославија.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Политичкиот, националниот и социјалниот состав на народните претставници на Првото заседание на АСНОМ, „Гласник на ИНИ“, VIII/1, Скопје, 1964
  • АСНОМ. Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ, I, 2, Архив на Македонија, Скопје, 1984
  • АСНОМ. Документи од работата на Президиумот на АСНОМ меѓу Второто и Третото заседание на АСНОМ. I, 3, Скопје, 1987

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Списък на арестувани агенти на УДБ от Пиринския край след реализацията на разработка „Изменник“ на ДС с кратка справка за извършваната от тях агентурна дейност и получените за нея възнаграждения, Горна Джумая, 14 януари 1949г, - ЦДА, ф.1б, оп.7, а.е.1560, л.5-10