Предбалкан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предбалканот (бугарски: Предбалкан) го претставува северниот ридски и нископланински појас на Старопланинската (балканска) зона и е средна врска помеѓу Дунавската Рамнина на север и вистинскиот планински дел од Старопланинската (балканска) зона на југ. Зафаќа површина од 14.389,8 km², просечната надморска височина е 364 m, а максималната височина во Васиљовската Планина и Васиљов врв (1490 m).

Географска местоположба[уреди | уреди извор]

Карта на границите на Предбалканот (во црвено), заедно со Стара Планина на југ (во сино) и Подбалканските Котлини (во розова)

Предбалканот се наоѓа помеѓу Дунавската Рамнина на север и Стара Планина на југ, на запад се протега до реката Бели Тимок (десна притока на Тимок) во Србија, а на исток допира до сливот од двете составни реки на Камчија - Гољама Камчија и Луда Камчија. Површината на предбалканот е 14.389,8 km², а должината е околу 460 km. Неговата ширина варира од 20–30 km во западниот и источниот дел до 50–60 km во средниот дел.

Се протега на територијата на делови од 11 бугарски области - Видинска, Монтанска, Врачанска, Софиска, Ловешка, Габровска, Великотрновска, Сливенска, Трговишка, Шуменска и Варненска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Георгиев, Милан, Физическа география на България, С., 1979 г., стр.339 – 361.
  • Мичев, Николай и др. Географски речник на България. София, Наука и изкуство, 1980. с. 387 – 388.

Поврзано[уреди | уреди извор]