Мавзолеј на Георги Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мавзолеј на Георги Димитров
1969-08-Bulgarien Sofia Dimitroff-Mausoleum fec Monika Angela Arnold Berlin1.jpg
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија
Почната1949
Урната1999
Проектирање и изградба
АрхитектГеорги Овчаров

Мавзолејот на Георги Димитров е поранешна градба која се наоѓала во центарот на градот Софија, Бугарија, на плоштадот Кнез Александар I, помеѓу зградите на Народна банка на Бугарија и Министерството за одбрана.

Објектот бил изграден по смртта на Георги Димитров на 2 јули 1949 година, односно до околу 10 јули, кога телото на Димитров било официјално положено во него. Главен архитект на објектот бил Георги Овчаров. Според една од историите за изградбата на мавзолејот, на архитектот му било дадено време од само три дена за проектирање на објектот<[1], но по ова тој проект не бил одобрен од страна на Политбиро на ЦК на БКП. Така, првичниот проект не бил одобрен, и тој значително се разликувал од оној кој подоцна бил изграден. Од двете страни на влезот биле поставени бисти на Димитар Благоев, Георги Кирков, Георги Димитров и Васил Коларов. Мавзолејот бил реконструиран во текот на 1974-1975 година. температурата во објектот била околу 17 степени.

По падот на комунизмот, на 17 јули 1990 година, Министерскиот совет на земјата зела решение за погребување на телото на Димитров на градските гробишта во Софија. Рушењето на мавзолејот започнало на 21 август 1999 година, и истото било завршено по шест дена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мавзолејот, кој го разделуваше народот“ (Бугарски). конс. 29 јануари 2011.