Александар Стамболијски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Стамболијски
Александър Стоименов Стамболийски
BASA-950K-3-110-1-Aleksandar Stamboliyski in Paris, 1921 (cropped).jpg
20ти Премиер на Бугарија
На должноста
14 октомври 1919 – 9 јуни 1923
Монарх Борис III
Претходник Теодор Теодоров
Наследник Александар Цанков
Лични податоци
Роден(а) Александар Стамболијски
1 март 1879(1879-03-01)
Славовица, Источна Румелија
Починал(а) 14 јуни 1923(1923-06-14) (воз. 44 г.)
Славовица, Бугарија
Партија Бугарски земјоделски народен сојуз

Александар Стојменов Стамболијски (роден на 1 март 1879 во с. Славовица - починал на 14 јуни 1923 година) — бугарски политичар, лидер на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС). Тој бил Премиер на Бугарија во периодот од 1919 до 1923 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Стамболијски го потпишува Нејскиот договор
Разговор со советскиот претставник Крстјо Раковски за време на Конференцијата во Џенова во 1922 година
Со членови на бугарската делегација на Конференцијата во Џенова

Стамболијски е роден на 1 март 1879 г. во Славовица, Пазарџишко. Александар Стамболијски учел во земјоделското училиште во Садово (1893–1895) и завршил на Лозаро-винарското училиште во Плевен (1895–1897). Во Плевен бил ученик на основачот на Бугарскиот земјоделски сојуз (БЗС) Јанко Забунов. Во 1899 учествувал на основачкиот конгрес на БЗНС. Во следните години студирал филозофија во Хале и агрономија во Минхен, но го прекинал своето образованието поради туберкулоза.

После неговото враќање во Бугарија се занимавал со политичка дејност. Во 1908 година Александар Стамболијски бил избран за народен пратеник од БЗНС. Тој се претворил во фактички лидер на БЗНС и под негово влијание сојузот се преобразил од сословна организација во политичка партија. За пратеник бил избран во XIV Народно собрание (1908-1911), XVI и XX (1913-1923) како и во V (1911).

Во 1922 година бил одржан референдум за судење на виновниците за националните катастрофи. На него поддржувачите на БЗНС и БКП со големо мнозинство наложиле осуда на дел од политичката и воена елита на Бугарија за време на војните (1913–1918). Подоцна се спровеле политички репресии како кон БКП, така и кон целата опозиција. Основен инструмент на репресиите бил т.н. Портокалова гарда — лесно вооружени одреди, верни на БЗНС и Стамболијски.

Крвавиот натпис на Александар Стамболијски пред смртта

За време на превратот, Стамболијски се наоѓал во своето родното село Славовица и не успевал да реагира соодветно. Во меѓувреме, во зејата избиле селски немири, кои во историјата останале познати како Јунско востание. Најголема сила тие придобиле во Плевенско и Шуменско. Плевен дури бил ставен под опсада и делумно заземен од селските дружини. Во крајна сметка, немирите биле задушени од воениот гарнизон и верни на новата власт во Софија.

Самиот Стамболијски организирал стотици селани и направил обид за опсада на Пазарџик. Наредбата за напад не била дадена. Силите биле нерамномерни и откако локалниот гарнизон не се потчинил на законскиот премиер, на 11 јуни Стамболијски наредил на селаните да се повлечат, за да не се стигне до крвопролевање.[1]

Уште на 10 јуни воениот министер Иван Велков дал устна наредба на капитанот Иван Харлаков самиот Стамболијски да биде заробен и убиен и тој заминал со група воени за Пазарџик, каде што операцијата за апсењето била раководена од полковникот Славејко Василев. Стамболијски направил обид да побегне до дворецот во Кричим, но на 13 јуни бил заробен кај село Голак, по кое бил преместен во Пазарџик каде бил предаден на групата на Харлаков, којшто го одвел во вилата во Славовица. Таму тој бил убиен од група членови на ВМРО, водена од скопскиот војвода Величко Велјанов[2].

Семејство[уреди | уреди извор]

Александар и Милена Стамболијска со двете деца Надежда и Асен

Александар Стамболијски се оженил во 1900 за Милена Даскалова (1875–1944), со која имале две деца:

  • Надежда (р. 1901)
  • Асен (р. 1904)

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Нашите възгледи по държавните пенсии (1908)
  • Земеделец по занятие и земеделец по убеждение (1908)
  • Политически партии или съсловни организации (1909)
  • Власт. Безвластие. Народовластие (1919)
  • Върховният принцип на народовластието (1919)
  • Двете ми срещи с цар Фердинанд (1919)
  • Защо се сдружават земеделците (1919)
  • Земеделският съюз и неговите врагове (1919)
  • Земеделският съюз и неговите оръжия за отбрана и победа (1919)
  • Интелигентните сили в Земеделския съюз и партиите (1919)
  • Резултатите от дейността на Земеделския съюз (1919)
  • Какъв трябва да бъде политикът (1919)
  • Принципите на БЗНС (1919)
  • Различието между Земеделския съюз и партиите (1919)
  • Защо ги съдим? (1922)

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Нишка спогодба

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фол, Александър и др., Кратка история на България, с.329, Издателство Наука и изкуство, София 1981
  2. Марков, Георги (2003). Покушения, насилие и политика в България 1878-1947. София: Военно издателство. стр. 163-164. ISBN 954-509-239-4. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: