Пени Хардавеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пени Хардавеј
Penny Hardaway.jpg
Позиција бек, плејмејкер
Висина 2,01 м
Тежина 88 кг
Број 1, 7
Роден 18 јули 1971 (1971-07-18) (воз. 46 г.)
Мемфис, Тенеси
Националност САД САД
Колеџ Мемфис (1996–1999)
Драфт 1993 / Рунда: 1 / Пик: 3-ти overall
Избран од Голден Стејт Голден Ст. Вориорс
Проф. кариера 1993–2008
Кариера
1993-1999 Орландо Орландо Меџик
1999-2004 Финикс Финикс Санс
2004-2006 Њујорк Никс Њујорк Никс
2007 Мајами Мајами Хит
Инфо од: 7.1.2017.

Енферни Дион „Пени“ Хардавеј (роден на (18 јули 1971 година) е поранешен aмерикански професионален кошаркар кој играл во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА) на позициите ниско крило, бек шутер и плејмејкер. Неговите најпродуктивни години ги забележал во дресот на Орландо Меџик како и раниот период од неговиот престој со Финикс Санс. Хардавеј бил Ол-НБА играч во раните денови од својата кариера, но бил често измачуван од постојани повреди кои му ја намалиле ефективноста. Последен пат играл за Мајами Хит, кои го ослободиле од договорот на 12 декември 2007 година.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Прекарот на Хардавеј потекнува од неговата баба која го викала “Прити (Убав)” со јужен акцент, што звучело како “Пени.” Хардевеј бил одгледан од неговата баба додека неговата мајка работела. Неговатата прва љубов бил фудбалот, но неговата баба не сакала тој да се повреди. Тој израснал во Бингхемптон маалото од куќи во вид на пушка во Мемфис, Тенеси. Како тинејџер, без оглед на неговата зголемена популарност околу градот, средното школо и државата, тој продолжил да работи како судија на младински спортови на Мемфис ИМКА и играл на јуниорските олимписки, кошаркарски тимови на Мемфис И.М.К.А

Средношколска кариера[уреди | уреди извор]

Хардавеј играл кошарка во Мемфис за Средното Училиште Тредвел, каде што имаше просек од 36,6 поени, 10,1 скок, 6,2 асистенции, 3,9 одземени топки и 2,8 блокади како сениор и беше именуван Државен Средношколски Играч на Годината според Списанието Парејд (Парада). Ја заврши својата средношколска кариера со 3 039 поени. Хардевеј тогаш се посветил на Државниот Универзитет во Мемфис (познат како Универзитет од Мемфис од 1994 година)

Колеџ кариера[уреди | уреди извор]

Хардавеј мораше да ја пропушти 1990-91 сезона поради тоа што не бил академски подобен. Тој успеа да се најде на Листата на Деканот со 3,4 просек на студиите. За време на неговата прва сезона, Хардевеј бил ограбен во престрелка и куршум го погодил во ногата, ставајќи ја неговата кариера во сериозна опасност.

1991-1992[уреди | уреди извор]

Во летото 1992 година Хардавеј бил избран во 1992 Развојниот Американски кошаркарски тим кој играше секојдневно против Олимпискиот Тим од 1992 година. Пени за соиграчи ги имал Крис Вебер, Боби Харли, Џамал Мешбрн, Родни Роџерс, Ерик Монтрос, Грент Хил и Алан Хјустон. Американскиот развоен кошаркарски тим беше единствениот кој ја победи Репрезентацијата на САД во 1992 година

1992-1993[уреди | уреди извор]

Хардавеј се врати за својата јуниорска сезона (1992-93) и ги подобри бројките од претходната сезона. Имаше просек од 22,8 поени, 8,5 скока, 6,4 асистенции, 2,4 одземени топки и 1,2 асистенции по натпревар. Тој собра два трипл-дабл (реткост во колеџ кошарката тогаш). Повторно беше именуван за Се-Американец. Исто така беше финалист за Нејсмит Цолеџ Играч на Годината и за Џон Р. Вуден Наградата што се даваат секоја година на најдобриот играч во колеџ кошарката.

Пени студираше со главен предмет Образование на Мемфис Стејт, собра просек од 3,4, но се откажа од сениорската сезона за да влезе на НБА Драфтот во 1993 година. Во 1994 година, Мемфис Стејт го пензионираа бројот 25, кој го носеше Пени додека играше таму. Пени се врати на Универзитетот во Мемфис во Мај 2003 година и доби диплома по професионални студии, 10 години по заминувањето од школо порано за да стане професионалец.

Хардевеј се најде на 5 место на листата од 100 најдобри, модерни колеџ плејмејкери според цоллегехоопснет.цом. Исто така, тој доби најмногу гласови на ЕСПН Конференциска Американска, Сребрена Годишнина Тим.

НБА кариера[уреди | уреди извор]

Орландо Меџик (1993-1999)[уреди | уреди извор]

Пени бил избран од Голден Стејт Вориорс во првата рунда на НБА Драфтот од 1993 година (трет избор вкупно), но бил разменет заедно со 3 идни избори од првата рунда во Орландо Меџик за правата над првиот избор Крис Вебер. Намерата на Орландо била да го изберат Вебер со цел да го спарат со Шекил О’Нил се додека Хардавеј, чија желба била да игра со О’Нил побарал втора проба да покаже зошто треба него да го изберат. Два дена пред драфтот, Хардавеј учествувал во пикап натпревар со неколку играчи на Орландо и локални таленти и доволно ја импресионирал организацијата за да ја направат размената на денот на драфтот. Тој ја започна сезоната на позицијата бек шутер додека ја учел плејмејкерската позиција од ветеранот Скот Скајлс. До средината на сезоната ја презеде позицијата од Скајлс. Неговиот ефект беше забележан од почетокот, освојувајќи ја МВП (најкорисен играч) наградата на инаугуративниот Шик Руки Натпревар. Хардевеј им помогна на Орландо да влезат во плејофот за првпат и до нивната прва сезона со 50 победи. Имаше просек од 16 поени, 6,6 асистенции и 5,4 скока по натпревар, додека неговите 190 одземени топки го ставија на 6то место во лигата. Го направи својот прв трипл дабл на 15 Април кога забележа 14 поени, 12 асистенции и11 скока против Бостон Селтикс. За неговите напори тој се најде во НБА Се-Руки првиот тим и беше втор зад Крис Вебер во Руки на Годината.

Во 1994-95 НБА сезона Пени ја крена својата игра на повисоко ниво. Орландо победија на за нив рекордни 57 натпревари додека Пени имаше просек од 10,9 поени, 7,2 асистенции, 4,4 скока и 1,7 одземени топки по натпревар. Всушност тој беше единствениот играч со просек од барем 20 поени И 5 асистенции со шут од игра над педесет проценти за време на регуларната сезона. Беше стартер на својот прв НБА Ол-стар натпревар и се најде во Се-НБА Првиот Тим. Светла точка од плејофот беше победата над Чикаго Булс во воторото коло. Заедно со Шекил О’Нил, ја предводеше екипата до НБА Финалето во својата втора сезона, каде што беа победени од Хјустон Рокетс со 4-0. Без разлика на поразот Хардевеј имаше просек од 24,5 поени, 4,8 скока И 8 асистенции, со шут од 50% од поле во серијата.

Повредата на соиграчот Шекил О’Нил на почетокот на 1995-96 НБА сезона го принуди Хардевеј да преземе товарот за поентирање за време на првите неколку недели од сезоната. Тој одговори со водење на екипата до 17-5 старт. Беше именуван за НБА Играч на Месецот за Ноември со просек од 27 поени, 6,5 асистенции, 5,8 скока, 2,2 одземени топки и 1 блокада по натпревар. Беше назначен за стартер на НБА Ол-Стар натпреварот втора сезона по ред водејќИ ги Орландо до рекордни 60 победи. За сезоната тој се најде во Се-НБА првиот тим втора сезона по ред со просек од 21,7 поени, 7,1 асистенции и 4,3 скока и одземајќи 166 топки што беше 5то во лигата. Тој исто така заврши трет во МВП гласањето. Хардевеј повторно беше единствениот играч во лигата со просек од барем 20 поени и 5 асистенции и шут од игра 50% за време на регуларната сезона. Плејофот за Орландо заврши во Финалето на Источната Конференција со пораз од шампионот (и поставувачи на рекорден број на победи во регуларната сезона) Чикаго Булс. Во дванаесте плејоф натпревари Хардевеј имаше просек од 23,3 поени, 6 асистенции и 4,7 скока.

Во летото 1996 година, Хардвеј играше на 1996 Американски Олимписки Кошаркарски Тим, кој го освои златниот медал. Хардевеј имаше просек од 9 поени, 4,4 асистенции, 2,8 скока и1,4 одземени топки во осумте натпревари. Неговите два најголеми придонеси беа во четвртфиналето против Бразил каде што постигна 14 поени и во Финалето против Југославија каде што имаше 17 поени.

Заминувањето на О’Нил во меѓусезоната во Лос Анѓелес Лејкерс го остави Хардевеј како единствена ѕвезда на Орландо пред 1996-97 НБА сезона. Хардевеј имаше измачувачка сезона полна со повреди, но сепак супеа да биде старте по трет псоелдователен пат на НБА Ол-стар натпреварот. За време на сезоната Хардевеј, како лидер на тимот, беше преводник за отпуштање на тогашниот тренер Брајан Хил по само 33 изминати натпревари во сезоната. Во 59 натпревари од регуларната сезона тој имаше просек од 20,5 поени, 5,6 асистенции, 4,5 скока и 1,6 одземени топки по натпвревар и се најде на Се-НБА третиот тим. Орландо успеа да се пласира во плејофот со 45 победи во сезоната. Во плеојофот Орландо ги изгубија првите 2 натпревара против Мајами во првото коло. Хардевеј тогаш постигна 42 поена во 3 натпревар и 41 поен во 4 натпревар да изнуди 5 натпревар во Мајами (станувајќи прв играч во историјата на НБА да постигне 40 поени во последователни плејоф натпревари кога неговиот тим постигнал помалку од 100 поени и првиот играч кој постигнал 40 поени последователно во плеофот против тим воден од Пет Рајли). Хардевеј постигна 33 поени во 5 натпревар, но Орландо изгубија. Хардевеј го заврши плеофот со просек од 31 поен, 6 скока, 3,4 асистенции, 2,4 одземени топки И 1,4 блокади по натпревар. Неговиот просек на поени во плејофот беше втор зад Мајкл Џордан (31,1).

Тешка повреда на левото колено во 1997-98 НБА сезона за која требаше операција го принуди да го пропушти поголемиот дел од сезоната. Без оглед на повредата, тој беше изгласан како стартер на НБА Ол-Стар натпреварот четврта последователна година и забележа 6 поени и 3 асистенции во 12 минути во Њујорк. Сепак беше критикуван поради обидот за враќање на теренот порано од очекуваното со играњето на Ол-Стар натпреварот. Тој го одигра својот последен натпревар една недела по Ол-Стар натпреварот и го пропушти остатокот од сезоната (Оттогаш Хардевеј имаше уште четири операции на неговото лево колено досега што постепено ги намалија неговите експлозивни атлетски можности). Во 19 натпревари тој имаше просек од 16,4 поени, 4 скока, 3,6 асистенции и 1,5 одземени топки. Хардевеј се врати за време на скратената 1999 сезона и успеа да одигра во сите 50 натпревари од регуларната сезона и да ги преводи Орландо до делба на јдобриот скор во Источната Конференција. Имаше просек од 15,8 поени, 5,7 скока и 5,3 асистенции и со 111 одземени топки беше 5ти во лигата. Орландо потоа изгуби во првото коло од плејофот од Филаделфија во кое Хардевеј имаше просек од 19 поени, 5,5 асистенции, 5 скока и 2,3 одземени топки. Ова ќе биде неговата последна сезона во Орландо. Во летото 1999 година, по молба на плејмејкерот на Феникс Санс, Џејсон Кид, Хардевеј беше разменет во Феникс за Дени Менинг, Пет Герити и 2 идни избори во првата рунда.

Во 369 натпревари во регуларната сезона за Орландо, Хардевеј имаше просек од 19 поени, 6,3 асистенции, 4,7 скока и 1,9 одземени топки по натпревар. Во 45 плејоф натпревари тој имаше просек од 21,8 поени, 6,5 асистенции, 4,9 скока и 1,9 одземени топки.

Феникс Санс (1999-2004)[уреди | уреди извор]

Хардевеј беше разменет во Феникс пред почетокот на 1999-2000 НБА сезона во екипа со колегата Ол-Стар бек Џејсон Кид да го направар дуото со име Бекови 2000. Повредите на стапалото на Хардевеј и зглобот на Кид им дозволија да одиграат само 45 натпревари заедно (33-12 скор со двајцата во петорката). Во 60 натпревари Хардевеј имаше просек од 16,9 поени, 5,8 скока, 5,3 асистенции и 1,6 одземени топке со скор од 42-18. Феникс ја завршија сезоната со скор од 53-29 и како 5 носители во Плеофот во Западната Конференција. Повредата на зглобот го принуди Кид да го пропушти поголемиот дел од првото коло против бранителите на титулата Сан Антонио Спарс. Хардевеј се издигна и постигна трипл дабл од 17 поени, 14 асистенции И 12 скока во клучниот 3 натпревар. Феникс ги победија Сан Антонио во 4 натпревари. Конференциското Полуфинале го спротивстави Хардевеј против поранешниот соиграч Шекил О’Нил и Лос Анѓелес Лејкерс. Феникс изгубија против евентуалните шампиони Лејкерс во 5 натпревари. Хардевеј имаше просек од 20,3 поени, 5,7 асистенции, 4,9 скока, 1,6 одземени топки и1 блокада по натпревар во 9те плејоф натпревари.

Перспективата беше оптимистична пред 2000-01 сезона, но страшна микроскршенична операција на левото колено го принуди Хардевеј да ги пропушти сите освен 4 натпревари за време на сезоната. На тие 4 натпревари тој имаше просек од 9,8 поени, 4,5 скока, 3,8 асистенции и 1,5 одземени топки.

Хардевеј влезе здрав во 2001-02 НБА сезона и успеа да одигра 80 натпревари од регуларната сезона, Кид беше разменет за новиот плејмејкер Стефон Марбери. Стилот додај-прво на Кид беше заменет со стилот шутирај-прво на Марбери доведе до кошкање помеѓу Хардевеј и Марбери. Хардевеј успеа да дојде до просек од 19,9 поени, 5,4 скока, 4,6 асистенции и 1,7 одземени топки за време на месецот Ноември. Екипата направи размена за бекот Џо Џонсон за време на сезоната што го принуди Хардевеј да игра од клупата за првпат со својата кариера. Без оглед на ова тој имаше просек од 12 поени, 4,4 скока, 4,1 асистенции и 1,5 одземени топки за време на регуларната сезона.

Хардевеј ја започна 2002-03 сезона од клупата за резерви. Непостојана игра од младиот Џо Џонсон му дозволи на Хардевеј да се врати во стартната петорка рано во сезоната. Неговата сигурна, ветеранска игра беше клуч за тимот со плади ѕвезди како Марбери, Амаре Стадемаер и Шон Мерион. Хардевеј пропушти 24 натпревари поради повреда на раката и тимот имаше скор од 10-14 во негово отсуство. Се врати на време да забележи трипл дабл од 10 поени, 10 асистенции и 10 скока на 9 Април против Далас Маверикс. Хардевеј ја заврши регуларната сезона со просек од 10,6 поени, 4,4 скока, 4,1 асистенции и 1,1 одземени топки. Феникс ги заплашија евентуалните шампиони Сан Антонио Спарс пред да загубат во шест натпревари. Хардевеј имаше просек од 12,7 поени, 6 скока, 4,3 асистенции и 2,2 одземени топки во серијата.

Во 2003-04 НБА сезона Хардевер постојано ротираше помеѓу стартната и резервната петорка. Тој беше разменет во Њујорк Никс на 6 Јануари 2004 година, заедно со Стефон Марбери и Цезари Трибански. Имаше просек од 8,7 поени, 2,9 скока И 2,9 асистенции за Феникс.

Во 236 натпревари од регуларната сезона со Феникс тој имаше просек од 12,4 поени, 4,5 скока, 4,2 асистенции и 1,3 одземени топки. Во 15 плејоф натпревари имаше просек од 17,3 поени, 5,3 скока, 5,1 асистенции и 1,8 одземени топки.

Њујорк Никс (2004-2006)[уреди | уреди извор]

Хардевеј И Марбери ги предводеа Њујорк Никс до 2004 НБА плејофот. Во 42 натпревари од регуларната сезона со Њујорк, Хардевер имаше просек од 9,6 поени, 4,5 скока, 1,9 асистенции и 1 одземена топка. Во вкупно 76 натпревари во сезоната тој имаше просек од 9,2 поени, 3,8 скока и 2,3 асистенции. Во плејофот Њујорк изгубија во првото коло од Њу Џерси Нетс. Хардевеј ги предводеше Никс во поени во два плејоф натпревари и имаше просек од 16,5 поени, 5,8 асистенции, 4,5 скока и 1,5 одземени топки во серијата.

Хардевеј го помина поголемиот дел од 2004-05 НБА сезона во борба со разни повреди. Имаше просек од 11,9 поени, 2,6 асистенции и 2,5 скока во период од 11 натпревари во средишниот дел од сезоната. Ја заврши сезоната со просек од 7,3 поени, 2,4 скока и 2 асистенции во 37 натпревари. Хардевеј одигра само 4 натпревари за Њујорк во 2005-06 НБА сезона обидувајќи се да ги рехабилитира артритичните колена. Имаше просек од 2,5 поени, 2,5 скока и 2 асистенции во тие натпревари.

Во 83 натпревари за Њујорк имаше просек од 8,2 поени, 3,5 скока и 1,9 асистенции.

Хардевеј беше разменет назад во Орландо, заедно со Тревор Ариза, за Стив Френсис на 22 Февруари, 2006 година и потоа ослободен од Орландо на 27 Февруари за да зачуваат пари кога неговиот договор истече наредното лето.

Мајами Хит (2007-2008)[уреди | уреди извор]

На 9 Август, 2007 година, Хардевеј потпиша со Мајами Хит за ветеранскиот минимум, обединувајќи се со поранешниот соиграч Шекил О’Нил. Го носеше дресот број 7, што беше првпат во неговата про кариера да не го носи бројот 1. На 12 Декември, 2007 година тој беше ослободен од Мајами со цел да ослободат место во екипата за слободниот агент Лук Џексон. Во 16 натпревари од регуларната сезона, тој имаше просек од 3,8 поени, 2,2 скока, 2,2 асистенции и 1,19 одземени топки. Го одигра најдобриот натпревар во сезоната на 17 Ноември, со 6-6 шут, постугнувајќи 16 поени во победата против Њу Џерси Нетс 91-87 на гостински терен.