Недим Ремили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Недим Ремили
Nedim Remili
Лични податоци
Роден(а) 18 јули 1995(1995-07-18)(28 г.)
Кретеј, Франција
Националност француска
Спорт Ракомет
Висина 1.95 m
Позиција Десен бек
Клупски податоци
Тековен клуб РК Париз Сен-Жермен
Број 18

Недим Ремили (роден на 18 јули 1995, во Кретеј) е француски ракометар кој настапува за Париз Сен Жермен и француската репрезентација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ремили е роден во Кретеј, комуна во југоисточните предградија на Париз. Неговиот татко, Камел Ремили, ја одиграл целата своја кариера за Кретеј и ја освоил ЛНХ 1 со нив во 1989 година.[2]

Кога Недим наполнил 10 години, почнал да игра ракомет во клубот каде што играл неговиот татко, СД Кретеј (Спортско друштво Кретеј), и каде што во тоа време бил член на одборот.[3] Ремили покажал многу квалитети додека бил во академијата на СД Кретеј и достигнал висина од 1,95 метра на возраст од 16 години. Ремили го имал своето деби за првиот тим на СД Кретеј на 12 октомври 2012 година, на возраст од 17 години, на натпреварот против СД Динкерк. Во текот на истата година, Кретеј бил префрлен во лигата Д2, втора лига на Франција. И покрај интересот на некои од најголемите клубови во францускиот ракомет, Ремили го потпиша својот прв професионален договор во 2013 година со СД Кретеј.

Следната сезона (2013-14), во лигата Д2, Ремили станал клучен играч во тимот на СД Кретеј и им помогнал да се вратат во ЛНХ 1. Ремили бил повикан на националниот француски младински тим за Светското првенство за јуниори во јуни 2015 година, но повредата на рамото го натерала да го гледа првенството дома, а Франција станала светски шампион.

Во сезоната 2015-16, Ремили играл неверојатно за СД Кретеј, што му донело повик во Ол-старскиот натпревар и во репрезентацијата на Франција за Европското првенство во 2016 година.

Поединечни награди[уреди | уреди извор]

  • Ол-стар Десен бек на Светското првенство: 2017 [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „European Handball Federation - Nedim Remili / Player“ (англиски). Посетено на 2018-02-08.[мртва врска]
  2. HILDWEIN, Yann. „Le grand espoir français Nedim Remili vers le PSG“. L'Equipe.fr (француски). Посетено на 2017-01-13.
  3. willcouvreur (2016-01-15). „Nedim Remili : L'étoile montante“. Посетено на 2017-01-13.
  4. „France 2017 All-star Team“. IHF. 29 January 2017. Архивирано од изворникот на 2019-01-21. Посетено на 29 January 2017.