Даниел Наваро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниел Наваро
Наваро на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело имеДаниел Наваро Гарсија
Роден18 јули 1983 (1983-07-18) (35 г.)
Хихон,  Шпанија
Висина1,74 м[1]
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубКатјуша-Алпесин
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Професионални клубови
2005–2006
2007–2010
2011–2012
2013–2018
2019-
ONCE
Астана
Саксо Банк-СанГард
Кофидис
Катјуша-Алпесин
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2014)
Последна промена
23 февруари 2019

Даниел Наваро Гарсија (шпански: Daniel Navarro García; р. 18 јули 1983 во Хихон) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Еден од најголемите помошници на Алберто Контадор во поголемиот дел на неговата кариера, Наваро го напуштил Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Кофидис на двегодишен договор од сезоната 2013 па натаму.[3] Во 2013, Наваро ја освоил Вуелта а Мурсија. Морал да го напушти Тур де Франс 2014 поради големи стомачни болки.[4] На Вуелта а Еспања 2014, ја забележал најголемата победа во својата кариера на тринаесеттата етапа, среднопланинска етапа.[5] На крајот завршил како десетти.

Во август 2018 година, по шест поминати години надвор од Светската турнеја, Катјуша-Алпесин објавиле дека потпишале со Наваро двегодишен договор од сезоната 2019, добивајќи улога на планински помошник за Илнур Закарин, како и можност да вози сам на некои трки.[6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
4. Краен пласман Трка околу Германија
5. Краен пласман Волта а Каталуња
2009
7. ГП Лугано
9. Краен пласман Тур де л’Ен
2010
1. Етапа 5 Критериум ди Дофине
2012
3. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 3
3. Краен пласман Медитеранска трка
2013
1. Вуелта а Мурсија
5. Краен пласман Критериум ди Дофине
9. Краен пласман Тур де Франс
10. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2014
8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
9. Краен пласман Критериум ди Дофине
10. Вуелта а Мурсија
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 13
2016
9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
9. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
9. Вуелта а Мурсија
2017
8. Букл де л’Олн
Jersey green number.svg Награда за борбеност на етапа 19 на Вуелта а Еспања
2018
2. Краен пласман Рут д’Окситан
7. Краен пласман Трка околу Оман
9. Краен пласман Критериум ди Дофине

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 90 30 43
Jersey yellow.svg Тур СО 48 63 9 СО 66 СО 27 45
Jersey red.svg Вуелта 13 55 10 30 81

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Даниел Наваро“.  Unknown parameter |http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/riders/cofidis-solutions-credits/navarro-daniel.html?xtmc= ignored (помош);
  2. Katusha-Alpecin announce reduced 24-rider roster for 2019“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 20 ноември 2018 (посет. 4 јануари 2019 г).
  3. Наваро го напушти Саксо Банк за Кофидис“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 август 2012 (посет. 17 август 2012 г).
  4. Аласдер Фотерингем. „Navarro bounces back after difficult Tour de France“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 5 септември 2014 (посет. 5 септември 2014 г).
  5. Даниел Бенсон. „Вуелта а Еспања: Наваро победи на етапата 13“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 5 септември 2014 (посет. 5 септември 2014 г).
  6. „Navarro signs with Katusha-Alpecin – News Shorts“. cyclingnews.com. 28 август 2018. конс. 1 септември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]