Павлос Гипарис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Pavlos Giparis.JPG
Роден 1882
Аси Гонија, Грција
Починал 22 јули 1966

Павлос Гипарис (грчки: Παύλος Γύπαρη) е грчки официр, андартски водач, деец на Елиномакедонскиот комитет, учесник во Борбата за Македонија и политичар [1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Павлос Гипарис е роден 1882 година во Аси Гонија, во областа Ханја на островот Крит. Во 1904 година тој се вклучил во Борбата за Македонија.

На 25 март 1905 година Павлос Гипарис зедно со четите на Георгиос Цондос, Евтимиос Каудис, Георгиос Макрис и капетанот Болакас, на број околу 300 андарти, го нападнале селото Загоричани. Во нападот биле убиени околу 100 селани, а Загоричани било запалено и извършват [2]. Во врска со нападот на селото Загоричани самиот Гипарис напишал поема во која било меѓу другото истакнато:

Крвта на Бугарите течеше како од чешма...зошто ги болеше душата и лудост опфатена од одмаздителите [белешка 1]

Во 1912 година Гипарис и и Темистоклис Софулис организирале одред и со него го зазеле островот Самос во текот на Првата балканска војна. Во 1914 година застанал на чело на организација која се залагала за создавање на Времена власт на Автономна република Северен Епир.

Во почетокот на Првата светска војна со грчките доброволци учествувал на западниот фронт на страната на Антантата, а учествувал и во битката кај Галиполе во 1915 година.

Во 1916 година во Грција дошло до национална политичка поделба и Гипарис се приклонил кон Елефтериос Венизелос. Тој го поставил Гипарис за офицер во армијата на владата.

До 1920 година служел како командир на баталјон кој се грижел за безбедноста на Атина, а таму го спровел убиството на Јон Драгумис на 31 јануари 1920. Од како Елефтериос Венизелос ги изгубил изборите, Гипарис заедно со него избегал во Франција

Во Втората светска војна по нападот на Нацистичка Германија врз Грција, Гипарис се вратил во татковината, поточно на островот Крит, за да земе учество против Германците.

По германската окупација на Крит, Гипарис се засолнил во Египет, а таму работел во централниот грчки гарнизон во Александрија и Каиро. Во 1944 годин бил назначен за командант на Ханја и се вклучил во партијата на Софоклис Венизелос.

Во последните години од својот живот ги пишува мемоаритте „Οι πρωτοπόροι του Μακεδονικού Αγώνος“ (Αθήνα, 1962) („Пионери на Македонската битка“).

Павлос Гипарис умира во 1966 година.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“

Извори[уреди | уреди извор]

  1. ΒΙΟΣ ΚΑΙ ΠΟΛΙΤΕΙΑ ΤΟΥ ΠΑΥΛΗ ΓΥΠΑΡΗ
  2. „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]