Деспина Ванди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Деспина Ванди
Δέσποινα Βανδή
Ванди во 2007 г.
Биографски податоци
Родено имеДеспина Малеа
Роден(а)22 јули 1969 (1969-07-22) (50 г.)
ШтутгартТибинген, Западна Германија
ПотеклоГрција
Жанровипоп, денс
Инструментипејачка
Период на активност1994–денес
ИздавачиMinos EMI (1994-2001),
Heaven Music (2001-2009),
Escondida Music (2004-денес),
The Spicy Effect (2009-денес)
Мреж. местоhttp://www.despinavandi.gr

Деспина Ванди или Деспина Малеа (грчки: Δέσποινα Μαλέα; родена на 22 јули 1969 година во Тибинген, Германија) е една од најуспешните грчки пејачки во последната декада, според некои сметана за кралица на грчката поп-музика[1].

На своја шестгодишна возраст заминала за Кавала, град од каде потекнуваат нејзините родители. Во Кавала го завршила средното обрзование, по кое започнала да учи психологија и филозофија на Солунскиот универзитет. Таа никогаш не го научила германскиот јазик, за разлика од нејзината фамилија. Во тоа време таа го привлекла вниманието на познатиот грчки пејач Василис Карас. По некое време тој ја поканил да пее во неговиот клуб. Така започнала и нејзината соло кариера.

Во 1994 година го издала својат прв албум Gela Mou (Насмевни се).

Во 2003 година ја започнала својата интернационална кариера. Нејзините песни Gia (2003), Opa Opa (2004) и Come Along Now (2005) биле високо пласирани на светската музичка сцена, кое за Грција претставувало голем напредок, бидејќи вокалист од таков тип во земјата се немало појавено долги години.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Gela Mou (1994) (продеден преку 14,000 примероци)
  • Esena Perimeno (1996) (продеден преку 18,000)
  • Deka Endoles (1997) (продеден преку 100,000)
  • Profities (1999) (продеден преку 150,000)
  • Gia (2001) (4 times platinum, продеден преку 200,000)
  • Gia Collector's Edition (2002) (продеден преку 400,000)
  • Stin Avli tou Paradisou (2004) (продеден преку 80,000)
  • Special Edition - Stin Ayli Tou Paradisou (2005) (продеден преку 100,000)

Це-де синглови

  • Spania (Це-де сингл, продеден преку 30,000)
  • Ypofero (Це-де сингл, продеден преку 150,000, најуспешен сингл на сите времиња во Грција)
  • Ade Gia (Це-де сингл, продеден преку 40,000)
  • Gia (Це-де сингл, продеден преку 10,000)
  • Opa Opa (Це-де сингл) (продеден преку 8,000)
  • Come Along Now (Це-де сингл, продеден преку 30,000)
  • Jambi

Наводи[уреди | уреди извор]