AllMusic

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Allmusic)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
AllMusic
Wordmark of AllMusic (2013).png
Logo of AllMusic (2013).png
Логото на AllMusic
Адреса семрежна база на музички албуми, музичари и песни; вклуч. рецензии и биографии
Достапно на англиски
Сопственик All Media Network, LLC
Создавач Мајкл Ерлевајн
Мрежно место AllMusic.com
Место на Алекса нагативен пораст 2.490 (април 2014)[1]
Комерцијално да
Регистрација незадолжително
Пуштено 1991
Тековна состојба активен

AllMusic[2] (порано: All Music Guide или AMG)[3]музички портал во сопственост на All Media Network, LLC, основано во 1991 г. од архвиварот на популарна култура Мајкл Ерлевајн како водич за потрошувачите. Следната година е објавено првото прирачно дело. Кога прв пат излегло на семрежјето?, AMG било поставено на основа на протоколот Gopher, пред воведувањето на светската пајажина. Во подоцнежниот дел на 2007 г., AMG прешло во рацете на претпријатието Macrovision (сега Rovi) за 72 милиони долари.[4]

Во јули 2013 г. Rovi ги продале владенијата на AMG — AllMusic.com, AllMovie.com и AllGame.com на претпријатието All Media Network, LLC.[5], кое пак е создадено од првичните основачи на SideReel.com и Ackrell Capital.[6]

All Media Network, LLC има седишта во Сан Франциско и Ен Арбор, САД.

Содржина[уреди | уреди извор]

Базата на податоци на AllMusic е лиценцирана и се користи во наплатните системи на некои продавници. Ги опфаќа следниве поединости:

  • Основни податоци: имиња, жанрови, учесници, авторскоправни податоци, броеви на производи.
  • Описна содржина: стилови, тонови, расположенија, теми, националности.
  • Односна содржина: влијанија од слични музичари и албуми.
  • Уредничка содржина: биографии, рецензии, котирање.

AllMusic тврдат дека ја имаат најголемата дигитална музичка база со околу 6 милиони песни, како и најголемата библиотека на омоти (преку половина милион).

Нивната база се користи во неколку поколенија на преслушувачите Windows Media Player и Musicmatch Jukebox за распознавање на музичките содржини и нивно организирање. Windows Media Player 11 и составната музичка продавница MTV Urge ја имаат проширено употребата на податоци од AllMusic со поврзани музичари, биографии, рецензии, изведбени списоци и други податоци.

AllMusic се користи како извор на каталожни податоци, биографии на музичари, рецензии на албуми, информации за поврзани музичари, изведбени списоци и други информации на музичките продавници iTunes Music Store, Zune Marketplace, Zune player, eMusic, AOL, Yahoo!, Amazon.com и други. AllMusic исто така претставува основа на базта Naim Extended Music на изведувач Naim HDX.

In 2011 г. Rovi известиле дека AllMusic, заедно со AllMovie and AllGame имаат три милиони поединечни посетители месечно.[7]

Признанија[уреди | уреди извор]

Во август 2007 г., списанието PC Magazine го вброило AllMusic во списокот на „Најдобри 100 класични мрежни места“.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Allmusic.com Site Info“. Alexa Internet. http://www.alexa.com/siteinfo/allmusic.com. посет. 1 април 2014 г. 
  2. „AllMusic FAQ“. All Media Network, LLC. http://www.allmusic.com/faq. посет. 29 март 2014 г. „©2014 AllMusic, a division of All Media Network, LLC“ 
  3. „AllMusic“. http://www.allmusic.com. посет. 20 јули 2012 г. 
  4. „Macrovision Corporation, acquired All Media Guide Holdings, Inc.“. Mandasoft. 17 декември 2007. http://mandasoft.com/1/11787/macrovision_corporation_acquired_all_media_guide_holdings_inc. посет. 18 јуни 2012 г. 
  5. „Rovi Corporation Reports Second Quarter 2013 Financial Performance Announces Agreements to Sell Rovi Entertainment Store and Consumer Website Businesses“. Rovi. 21 јули 2013. http://www.rovicorp.com/company/news-center/pressreleases/1434_17397.htm. посет. 18 октомври 2013 г. 
  6. „Digital Entertainment Veterans Launch ‘All Media Network’ to Perfect Digital Media Discovery“. BusinessWire. 3 декември 2013. http://www.businesswire.com/news/home/20131203005593/en. посет. 3 декември 2013 г. 
  7. Bruno, Anthony (28 февруари 2011). „AllMusic.com Folding Into AllRovi.com for One-Stop Entertainment Shop“. Billboard. http://www.billboard.com/biz/articles/news/1179058/allmusiccom-folding-into-allrovicom-for-one-stop-entertainment-shop. посет. 15 јуни 2013 г. 
  8. Heater, Brian (13 август 2007). „Top 100 Classic Websites – AllMusic – Slideshow from pcmag.com“. PCmag.com. http://pcmag.com/slideshow_viewer/0,3253,l=213025&a=212961&po=19,00.asp. посет. 24 септември 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]