Глобална мрежа (англ.World Wide Web, W3, WWW) е систем на меѓусебно поврзани, хипертекстуални документи, на кои се пристапува преку Интернет. Со прелистувач може да се пристапи до ресури на Интернет кои може да содржат текст, слики, видео снимки и/или други мултимедијални содржини и да се префрлуваме од еден на друг ресурс со помош на хиперврски. Користејќи го системот на претходните хипертекстуални системи, англискиот инженер и информатичар Тим Бернерс Ли во март 1989 година објавил што би требало да претставува Глобална мрежа. Во ЦЕРН - Женева, Тим Бернерс Ли и белгискиот информатичар Роберт Кајо, 1990. година, го објавиле својот заендички труд за користење на хипертекст за пристап до различни содржини визулено претставени како мрежа (Веб -web) од јазли чија доржина корисникот може да ја прелистува.
Компонентите на мрежата се опслужувач, мрежен клиент, HTML (јазик за означување на хипертекст), URL (пронаоѓач на ресурси), HTTP (протокол за пренос на хипертекст).