Вук Стефановиќ Караџиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вук Стефановиќ Караџиќ
VukKaradzic.jpg
Роден 7 ноември 1787
Тршиќ, Србија
Починал 7 февруари 1864
Виена, Австрија
Занимање Лингвист

Вук Стефановиќ Караџиќ (срп. Вук Стефановић Караџић) (7 ноември, 1787 - 7 февруари, 1864) бил српски лингвист и голем реформатор на српскиот јазик и азбука.

Роден е во с. Тршиќ, Србија близу Лозница. Му го дале името „Вук“ („волк“), бидејќи сите негови браќа и сестри умреле од туберкулоза, па само тој преживеал. Во тоа време луѓето верувале дека вештерките се плашеле од волци, па така името би го заштитило од нив. Научил да чита и пишува во Троношкиот манастир, а потоа се образувал сам. Учествувал во Првото и Второто српско востание против Турците. По неуспехот на првото востание во 1813, пребегал во Виена, каде ги напшишал своите најважни дела.

Караџиќ го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал српската азбука со тоа што ги следел строг фонемски принципи засновани на моделот на германскиот граматичар Јохан Кристоф Аделунг.

Овие реформи го модернизирале српскиот книжевен јазик, оддалечувајќи го од српскиот и рускиот црковнословенски јазик, и доближувајќи го до народниот јазик, особено до источнохерцеговското наречје кое го зборувал. Заедно со Ѓуро Даничиќ, Караџиќ бил главниот српски потписник на Виенскиот договор од 1850 кој, со поддршка на австриските власти, ги поставил темелите на српскиот јазик, чии разни форми денес се користат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Покрај лингвистичките реформи, Караџиќ исто така дал голем придонес кон книжевноста, користејќи ја селската култура како основа. Заради неговото селско воспитание, тој доста го ценел селските народни преданија, па собирал народни песни, приказни и поговорки. Додека Караџиќ не го сметал селскиот живот за романтичен, високо го ценел како дел од српската култура. Собрал неколку збирки народна поезија и проза, меѓу кои и книга со преку 100 лирски и епски песни кои ги запамтил како дете. Исто така го издал и првиот речник на говорниот српски јазик. Ова дело го издавал со малку пари, и повремено живеел во беда. Умрел во Виена.

Вуковата азбука е основа за македонската азбука.

Куќата на Вук Караџиќ во музеј-селото Тршиќ

Значајни дела[уреди]

Мисли[уреди]

Пишувај како што зборуваш и читај како што е напишано. (срп. Пиши као што говориш и читај како је написано.)

Иако оваа мисла обично му се припишува на Вук Караџиќ, ова е всушност правописен принцип измислен од германскиот граматичар и филолог Јохан Кристоф Аделунг. Караџиќ само го искористил овој принцип за да ја протера својата јазична реформа (според книгата „Граматка на српскиот јазик“ од Проф. Љубомир Поповиќ).

Ова е честа заблуда на просторите на поранешна Југославија. Заради ова на приемниот испит на Филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет понекогаш се паѓа такво прашање.

Надворешни врски[уреди]