Мартин Борман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Bundesarchiv Bild 146-1968-100-21A, Martin Bormann.jpg
Роден 17 јуни 1900
Вегеленде кај Халберштат, Германија
Починал 2 мај 1945
Берлин, Германија


Мартин Борман (Вегеленде кај Халберштат, 17 јуни 19002 мај 1945) бил истакнат нацистички службеник.

Дошол на чело на Партискиот канцеларијат на НСДАП и станал личен секретар на Адолф Хитлер. Ја стекнал Хитлеровата доверба и така добил огромна власт во Третиот рајх директно да ги издава наредбите од канцеларијата на Хитлер. Од тие причини пак стекнал многу непријатели вклучувајќи ги Јозеф Гебелс, Херман Геринг, Хајнрих Химлер, Алфред Розенберг, Роберт Лај, Ханс Франк, Алберт Шпер.

Борман бил премлад да би земал поголемо учество во Првата светска војна (неговата единица, пред крајот на 1918 година не учествувала во борбите). По војната станал надзорник на имот во Мекленбург и така дошол во контакт со Слободниот корпус (Фрајкорите) кои биле на имотот. Земал учество во нивните активности, најчесто во атентати и изнуди на работничките синдикати.

Во март, 1924 година, бил осуден на една година затвор како соучесник на својот пријател Рудолф Хес во убиството на Валтер Кадов, за кој се верувало дека го издал Алберт Лео Шлагетер на Французите за време на окупацијата на Рурската област. По излегувањето од затвор тој се се зачленил во НСДАП. Во 1933 година станал Рајхслајтер на НСДАП и пратеник во Рајхстагот. Од 1933 до 1941 година бил личен секретар на Рудолф Хес. По Хесовото заминување за Англија, Борман станал секретар на Хитлер. Многу историчари сметаат дека по количеството на моќ кој ја поседувал Борман бил сива еминенција на Третиот рајх за време на Втората светска војна.

Борман во 1929 година се оженил (по втор пат; од првиот брак имал две деца) со деветнаесетгодишната Герд Бух, чиј татко, Волтер Бух бил претседател на Нацистичкиот партиски суд. Борман го запознал Хитлер, кој му бил кум на венчавката. Мартин и Герд имале десет деца. Едната ќерка умрела непосредно по раѓањето.

Смртта на Мартин Борман била опколена со мистерија. Според најраспространетата верзија, Борман се самоубил на 2 мај 1945 година голтнувајќи капсула цијанид, додека лутал по улиците на тогаш разрушениот Берлин во обид за да ги избегне патролите на Црвената армија. Неговото тело било пронајдено, но не и идентификувано. На Нирнбершкиот процес во одсуство бил осуден на смрт. Во текот на деценијата постоеле различни теории за тоа дали бил уште жив и каде би се наоѓал Борман. Симон Визентал изнел докази дека Борман се наоѓал во Јужна Америка. Споровите околу ова прашање неколку пати се одложувале, за конечно во 1998 година кога со споредба од анализита на ДНК на негови блиски роднини е докажано дека откопаните коски каде се претпоставува дека било закопано мртвото тело на Борман припаѓале токму нему.


Поврзано[уреди | уреди извор]

Нирнбершки процес