Халберштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Халберштат
Liebfrauenkirche Halberstadt.jpg
Грб на Халберштат
Халберштат се наоѓа во Германија
Халберштат
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Градски единици 5
Градоначалник Андреас Хенке (Левица)
Основни податоци
Површина 143 км2
Надм. височина 119 м
Население 43.768 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 306 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 38820
Повик. бр. 03941
Портал www.halberstadt.de
Местоположбата на град Халберштат во рамките на округот Харц
Карта
Координати 51°53′45″ СГШ 11°02′48″ ИГД / 

Халберштат (германски: Halberstadt) е град во германската покраина Саксонија-Анхалт и е главен град на округот Харц. Се наоѓа на германскиот пат на дрвени куќи и железничката линија Магдебург-Тале.

Градот бил сериозно оштетен во Втората светска војна, но задржал многу историски важни згради и голем дел од неговиот стар изглед на градот. Познати места во Халберштат се Либфрауенкирхе и Катедрала Свети Стефан, црквите се изградени во 12 и 13 век, соодветно. Халберштат е местото на првите документирани големи, постојани оргули, поставени во 1361. Катедралата е познати во северните европски градови, по тоа што го има задржано средновековното богатство во речиси целосна состојба. Меѓу нејзините богатства се и најстарата зачувана таписерија во Европа, која потекнува од 12 век.

Германија Халберштат е фудбалски клуб, кој игра во Халберштат.

Историја[уреди | уреди извор]

Халберштат бил епископско седиште во 814 и бил популарна трговска точка во 13 и 14 век. Бискупијата Халберштат била секуларизирана во 1648 година, според Вестфалскиот мир и станала Кнежество Халберштат, во рамките на Бранденбург-Прусија.

Халберштат станал дел од Кралството Прусија во 1701, но станало дел од Кралството Вестфалија, земја под влијание на Наполеон во 1807. По поразот на Наполеон, градот бил вратен на Прусија, а потоа администриран во рамките на Провинцијата Саксонија. Градот станал дел од Саксонија-Анхалт од 1945 до 1952, потоа бил во рамките на Округ Магдебург во Источна Германија. По повторното обединување на Германија, Халберштат станал дел од обновената Саксонија-Анхалт.

Црква Свети Бурхарди

Светски најбавниот, најдолг концерт[уреди | уреди извор]

Изведбата на музичкиот дел за оргули As Slow As Possible на Џон Кејџ започна во Бурхардикирхе во Халберштат во септември 2001; изведбата се очекува да трае 639 години. Концертот започнал на 5 септември 2001 година со пауза во изминативе 17 месеци. Во деновите кога се менуваат звуците, црквата обично е многу посетена.

Еврејска култура[уреди | уреди извор]

Во 17 век, Халберштат ја имал една од најголемите еврејски заедници во централна Европа. Во тоа време, скоро една дваесеттина од градските жители, скоро 700 луѓе, биле Евреи. Познат меѓу нив бил Беренд Леман.

Еден пример од работата на Леман е импресивната синагога, која ја финансирал во Бакенштрасе, која е завршена во 1712 година. Во 1938, по кристалната ноќ, повеќето згради биле уништени од нападот, а оние што преостанале биле во опасност од колабирање.

На кратко растојание од синагогата, во алеата Розенвинкел, Леман исто така изградил куќа за студентите по Јудаизам, со збирка на теолошки текстови. Оваа зграда, позната како „Клаус“, била местото каде што многу важни студенти на Талмуд и како рабини биле подучувани. „Клаус“ му дал Халберштат углед на важен центар во изучувањето на Тората. Денес, Академијата Мозес Менделсон е основана тука; се организираат изложби, конгреси и презентации и обезбедува широк опсег на информации околу еврејската култура и начин на живот.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Халберштат е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]