Вернигероде
Вернигероде | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Харц |
Градоначалник | Петер Гаферт |
Основни податоци | |
Површина | 170 км2 |
Надм. височина | 240 м |
Население | 32.024 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 188 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HZ |
Пошт. бр. | 38855, 38879 |
Повик. бр. | 03943, 039455 |
Портал | wernigerode.de |
Местоположба на град Вернигероде во рамките на округот Харц | |
![]() | |
Координати | 51°50′6″N 10°47′7″E / 51.83500°N 10.78528°E |
Вернигероде (германски: Wernigerode) — град во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија. До 2007, бил главен град на округот Вернигероде.
Вернигероде се наоѓа југозападно од Халберштат, и е прекрасно сместен на реката Холтеме, на северните делови од планините Харц. Вернигероде се наоѓа на Германскиот пат на фахверкот.

Историја
[уреди | уреди извор]Вернигероде бил главен град на средновековното Грофовија Вернигероде и Штолберг-Вернигероде. Во 1815, по Наполеоновите војни, станал дел од пруската Провинција Саксонија. Пиварницата Хасередер била основана во Вернигероде во 1872.
По Втората светска војна, Вернигероде била вклучена во новата покраина Саксонија-Анхалт. Во текот на времето на комунистичка Источна Германија, градот бил многу близок до внатрегерманската граница. Вернигероде станал дел од обновената покраина Саксонија-Анхалт во 1990, по повторното обединување на Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Локација
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на околу 250 метри надморска височина на североисточниот дел на планините Харц во централниот дел на Германија, во подножјето на нивниот највисок врв, Брокен, на Б 6 и Б 244 сојузните автопати и на железничката линија од Халберштат до Виненбург, која ги поврзува градовите Хале (Зале) и Хановер.
Реката Холтеме тече низ градот и не толку далеку од западната порта, ѝ се придржува потокот Цилирбах, која е познат и како Флутрене во близина на изворот. Северно од градот, тече Баренбах низ неколку езерца и празнини во Холтеме во селото Минслебен. Историскиот градски центар се состои од Алтштат и нов град (Altstadt и Neustadt). Градскиот округ ги вклучува Хасероде, Нешенроде, резиденцијалните населби Штатфелд, Бургбрајте и Харцблик како и селата Бенцингероде, Минслебен, Зилштет, Ширке и Редебер.
Округот има 9,5 километро од запад кон исток и 6 километри од север кон југ. Неговата највисока точка е Брокен, на 1.141 метар надморска височина, како и најниската на 215 метри.
Градот лежи на германско-холандскиот празничен пат, познат како Портокалов Пат.
Архитектура
[уреди | уреди извор]
Вернигероде поседува неколку интересни готски згради, вклучувајќи го и градското собрание со дрвена фасада од 1498 година. Некои од чудните стари куќи, кои ги избегнале бројните пожари низ години се детално украсени со резба. Гимназијата Герхарт Хауптман,[2] која е сместена во модерна готска зграда, е наследник на древната граматичка школа, која постоела до 1825. Бренди, Хасередер лагер, пури и боила се само дел од производите кои се произведуваат тука. Замокот (Schloß Wernigerode) на принцовите од Штолберг-Вернигероде се издигнува над градот. Првичниот бил изграден во 12-о век, но сегашниот замок бил изграден помеѓу 1862 и 1893 од Карл Фрилинг и вклучува делови од средновековната зграда.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]
Харцер Шмалшпурбан е железница со тесни колосеци, која води од Вернигероде до Брокен (1.141 м), највисокио врв на планините Харц, а потоа оди до Нордхаузен до јужниот дел на Харц. Вториот највисок врв, Вурмберг (971 м), е достапен преку жичарницата од Браунлаге, која е поврзана со автобус до Вернигероде. Вернигероде има бројни музеи, галерии, библиотеки, споменици и паркови.
Култура
[уреди | уреди извор]Вернигероде е дом на хорот Рундфунк-Југендхор Вернигероде.
Вернигероде е познат по легендарниот настап на The Honkey Sandwich во јули 1998, настапувајќи како The Big Foot High School Jazz Band.
Спорт
[уреди | уреди извор]Вернигероде е домаќин на маратонот Брокен секој октомври.
Луѓе од Вернигероде
[уреди | уреди извор]- Нилс Петерсен, играч на Баерн Минхен
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Вернигероде е збратимен со:
Карпи (Италија), од 1964
Киснадије, (Романија), од 2002
Нојштат на Винскиот Пат (Германија), од 1998
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Gerhart-Hauptmann Gymnasium Wernigerode“. Архивирано од изворникот на 2011-10-01. Посетено на 2011-10-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Вернигероде“ на Ризницата ? |
|
|
|