Остервик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Остервик
Поглед на Остервик
Поглед на Остервик
Грб на Остервик
Остервик се наоѓа во Германија
Остервик
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Градоначалник Улрих Симонс (CDU)
Основни податоци
Површина 213 км2
Надм. височина 123 м
Население 11.380 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 53 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 38835
Повик. бр. 039421, 039422, 039458
Портал www.osterwieck.de
Местоположбата на градот Остервик во рамките на округот Харц
Карта
Координати 51°58′00″ СГШ 10°43′00″ ИГД / 

Остервик (германски: Osterwieck) — историски град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Илзе, северно од Вернигероде и планинскиот масив Харц. На 1 јануари 2010 општините од поранешната заедница на општини Остервик-Фалштајн се припоија кон Остервик.

Стариот град (Алтштат) со црквата Свети Стефан е станица на сценскиот германски пат на дрвото и на романескниот пат.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата била првпат спомената околу 780 година, кога Карло Велики во текот на Саксонските војни ја поминал реката Окер и изградил црква посветена на Свети Стефан на плоштадот, подоцна наречен Залингенштеде (Salingenstede). Оваа црква станала средиште на христијанската мисија над паганците Саксонци, набљудувана од Хилдегрим од Шалон и потеклото на подоцнежната Халберштатска епископија. На 1 април 974 година, царот Отон II му доделил пазарни и монетни права на градот, што најчесто се смета и како датумот на основање на градот.

Името Остервик било првпат споменато во 1073 година во писмото на надбискупот Лимар од Бремен на епископот Бурхард II од Халберштат. Уништен од пожарот во 1511 година, градот бил повторно изграден и денес се одликува со околу 400 градби во стилот „фахверк“. Наосот на црквата Свети Стефан е подигнат во XVI век, која е една од најстарите протестантска цркви, додека нејзините романескни двојни куполи потекнуваат од 1100 година.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Остервик е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]