Патеката започнува да го формира обликот на осмица, со северниот и јужниот дел, како и градот Магдебург во нејзиниот центар, поврзувајќи ги селските цркви, манастири, катедрали и замоци изградени помеѓу 950 и 1250 и кои со тоа ја претставуваат појавата на христијанството во овој дел на Германија. Нивната романска архитектура (романика) може да се препознае по нивните аглести облици и окружните лакови на прозорците и вратите, како што е покажано на официјалните знаци за Патот на романиката. Како и останати романски станици, има попатни станици, каде што може да се видат други села и црква.
За поттикнување и поддршка на економија долж Патот на романиката во областа на Саксонија-Анхалт се спроведува натпревар за наградата за романика вредна 10.000 евра.[2]