Прејди на содржината

Кведлинбург

Координати: 51°47′30″N 11°8′50″E / 51.79167° СГШ; 11.14722° ИГД / 51.79167; 11.14722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кведлинбург
Поглед од замокот
Поглед од замокот
Поглед од замокот
Грб на Кведлинбург
Кведлинбург во рамките на Германија
Кведлинбург
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Градски единици 7
Градоначалник Еберхард Брехт (СДП)
Основни податоци
Површина 120,42 км2
Надм. височина 123 м
Население 23.313 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 194 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ, QLB
Пошт. бр. 06484
Повик. бр. 03946
Портал www.quedlinburg.de
Местоположба на градот Кведлинбург во рамките на округот Харц
Карта
Карта
Координати 51°47′30″N 11°8′50″E / 51.79167° СГШ; 11.14722° ИГД / 51.79167; 11.14722
Соборната црква, замокот и стариот град на Кведлинбург
светско наследство на УНЕСКО
Плоштадот Маркт во Кведлинбург
Критериумкултурно: iv
Навод535
Запис1994 (XVIII заседание)

Кведлинбург (германски: Quedlinburg) — град северно од планините Харц, во округот Харц, во западниот дел од Саксонија-Анхалт, Германија. Во 1994, средновековниот суд и стариот град биле ставени на списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО.

До 2007, бил административно седиште на истоимениот округ. Некои места во градот со романска архитектура (романика) се дел од славниот Пат на романиката, како што се црквата Свети Серватиус на ридот на замокот, црквата Свети Вигберт долу во долината и црквата Свети Марис на ридот Минценберг (Muenzenberg).

Историја

[уреди | уреди извор]
Роланд
Фахверк-куќи

Градот Кведлинбург е познат најмалку од раниот IX век, кога населба позната како Грос Орден постоела на источниот брег на реката Боде. Како таков, градот првпат се спомнува во 922, како дел од донацијата на Хенри I Птичар. Доказите за оваа донација биле собрани од опатијата Корвеи.

По смртта на Хенри во 936, неговата вдовица Света Матилда ја основала религиозната заедница за жени ("Frauenstift") на ридот на замокот, каде ќерките на високото благородништво биле образувани. Главната задача на оваа соборна заедница, Опатија Кведлинбург (каде биле составени Кведлинбуршките анали), била да се моли во спомен на кралот Хенри и владателите кои дошле по него. Првата игуманија била Матилде, внука на Хенри и Света Матилда.

Комплексот на замокот Кведлинбург, основан од Хенри I Птичар и изграден од Отон I Велики во 936, бил царски Пфалц од саксонските цареви. Пфалцот, вклучувајќи го и машкиот манастир, бил во долината, каде што денес се наоѓа католичката црква на Свети Виперти, додека женскиот манастир се наоѓал на ридот на замокот.

Во 961 и 963 канонски манастир бил основан во Свети Виперти, јужно од ридот на замокот. Бил напуштен во 16 век и едно време црквата, која може да се пофали со прекрасна крипта од 10 век, дури била користена и како штала и свињарник, пред да биде обновена во 1950-тите години.

Во 973, непосредно пред смртта на царот Отон I Велики, на Рајхстагот (царски собор) бил одржан царски суд во кој Мишко, војвода од Полска и Болеслав, војвода од Бохемија, како и бројни други благородници од далечните Византија и Бугарија, се собрале да му оддадат почит на царот. По тој повод Отон Велики ја претставил неговата нова снаа Теофану, византиска принцеза чиј брак со Отон II донесе надеж за признавање и продолжување на мирот помеѓу владетелите на источните и западните царства.

Во 994 Отон III му доделил пазарни, даночни и монетковни права и го основал првиот пазар, северно од ридот на замокот.

Градот станал член на Ханзата во 1426. Опатијата Кведлинбург често ја оспорувала независноста на Кведлинбург, кој барал помош и од бискупијата во Халберштат. Во 1477 игуманијата Хедвиг, потпомогната од нејзините браќа Ернест и Алберт, го скршиле отпорот на градот и ги протерале силите на бискупот. Кведлинбург бил принуден да ја напушти Ханзата, а потоа бил заштитен од изборното кнежевство Саксонија. И градот и опатијата се преобратиле во лутеранство во 1539, во текот на Протестантската реформација.

Во 1697, изборниот кнез Фридрих Август I од Саксонија ги продал неговите права на Кведлинбург на изборниот кнез Фридрих III Бранденбуршки за 240.000 талери. Опатијата Кведлинбург ги оспорила правата на Бранденбург-Прусија во текот на 18 век, меѓутоа опатијата била секуларизирана во 1802 година, во текот на германската медијатизација и Кведлинбург припаднал на Кралството Прусија како дел од кнежевството Кведлинбург. Дел од наполеонското Кралство Вестфалија од 1807–13, било приклучено во рамките на новата пруска Провинција Саксонија во 1815. Во сето тоа време, големите дами владееле со Кведлинбург како игумани без „да ги тргнат завесите“, тие биле слободно да се омажат. Последната од овие големи дами била шведска принцеза, една од раните борци за женските права, Софија Албертина.

Во текот на нацистичкиот режим, споменот на Хенри I станал некој вид на култ, Хајнрих Химлер се гледал себеси како реинкарнација на „најголемиот Германец од сите германски“ владетели. Соборната црква и замокот биле претворени во храмови за Нацистичка Германија. Нацистичката партија се обидела да основа нова религија. Катедрлата била затворена од 1938 и во текот на војната. Ослободување во 1945 го донеле назад протестантскиот бискуп и црковните ѕвона и нацистичкиот стилизиран орел бил симнат од кулата. Георг Аи бил локален партиски водич од 1931, па сè до крајот на војната.

Кведлинбург бил администриран во рамките на округот Хале, додека бил дел од комунистичката Источна Германија од 1949 до 1990. Станал дел од покраината Саксонија-Анхалт по германското повторно обединување во 1990.

Во текот на комунистичкото време, како дел од Германската демократска република (1949–1990), специјалисти за реставрација од Полска биле повикани во текот на 1980-тите да ги извршта неопходните поправки на старата архитектура. Како и во сите германски градови Altstadt старите средновековни градски делови, се најпопуларни атракции во секој град. Сега, Кведлинбург е центар на реставрација на Fachwerk-куќите.

Во текот на последните месеци на Втората светска војна, американската војска го окупирала Кведлинбург. Во 1980-тите, по смртта на еден од американските воени лица, кражбата на средновековната уметност од Кведлинбург излезе на виделина.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Замокот во Кведлинбург

Во внатрешните делови од градот има широк избор на Фахверк-згради од најмалку 5 различни века (вклучувајќи ги и оние од 14 век, кои се сметаат за едни од најстарите во Германија), додека околу надворешните работи на старите град има прекрасни примери на згради во Југендстил, кои потекнуваат од доцниот 19 и раниот 20 век.

Од декември 1994 стариот град на Кведлинбург и замокот со соборната црква се забележани во списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО.[2] Кведлинбург е еден од најдобро сочуваните средновековни и ренесансни градови во Европа, откако избегна поголеми оштетувања во Втората светска војна.

Во 2006, Харцер Шмалшпурбанен Зелкетал била продолжена до Кведлинбург од Гернроде давајќи му пристап до историската парна железница на тесен колосек, Алексисбад и видоките висорамнини на Харц.

Замокот на катедралата со нивните кули над градот, биле оние кои доминирале во градот во раниот Среден век. Катедралата е првичен пример на германскиот романски стил. Domschatz, трезорот содржи антички артефакти и книги, кои биле украдени од американските војници и конечно донесени назад во Кведлинбург во 1993 и повторно се изложени тука.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа северно од планините Харц, околу 123 метри надморска височина. Најблиските планини достигуваат 181 метар надморска височина. Најголемиот дел од градот е сместен на западниот дел од реката Боде. Оваа река доаѓа од планините Харц и тече кон реката Зале и понатаму кон реката Елба. Градската површина е 78,15 км2.

Кведлинбург има влажна континентална клима (Кепенова климатска класификација), резултира од преовладувачкиот Вестерлис, кој дува од зоните со висок притисок од Централниот Атлантик кон Скандинавија. Снежни врнежи се јавуваат речиси секоја зима. Јануари и февруари се најстудени месеци во годината со просечна температура од 0,1 °C и 0,4 °C. Јули и август се најтоплите месеци, со просечна температура од 17,8 °C и 17,2 °C. Просечните годишни врнежи изнесуваат околу 438 милиметри дожд, најмногу од мај до септември. Овој износ на врнежи е еден од најниските во Германија, која има годишни просечни врнежи од 700 милиметри. Во август 2010, Кведлинбург беше најсувото место во Германија, со само 72,4 литри на метар квадратен.[3]

Климатски податоци за Кведлинбург
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 2
(36)
4
(39)
8
(46)
13
(55)
19
(66)
21
(70)
22
(72)
23
(73)
19
(66)
13
(55)
6
(43)
3
(37)
12.8
(54.8)
Сред. дневна °C (°F) 0.1
(32.2)
0.4
(32.7)
3.7
(38.7)
7.8
(46)
12.9
(55.2)
16.7
(62.1)
17.8
(64)
17.2
(63)
13.9
(57)
9.6
(49.3)
4.7
(40.5)
1.5
(34.7)
8.86
(47.95)
Прос. ниска °C (°F) −1
(30)
−1
(30)
1
(34)
3
(37)
8
(46)
10
(50)
12
(54)
13
(55)
9
(48)
6
(43)
1
(34)
0
(32)
5.1
(41.1)
Прос. врнежи мм (ин) 23
(0.91)
22
(0.87)
28
(1.1)
38
(1.5)
53
(2.09)
57
(2.24)
47
(1.85)
54
(2.13)
33
(1.3)
27
(1.06)
30
(1.18)
26
(1.02)
438
(17.25)
Прос. бр. дождливи денови 11 9 10 10 10 11 10 10 9 9 11 12 122
Прос. релативна влажност (%) 87 83 82 74 67 71 72 69 78 82 87 86 78.2
Сред. бр. сончеви часови месечно 47.2 66.9 107.5 136.7 182.6 172.2 186.4 183.6 139.0 104.9 63.2 42.1 1.432,3
Извор бр. 1: Германска метеоролошка служба, нормали за периодот 1961–1990 г.[4]
Извор бр. 2: Zoover[5]

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Најблискиот аеродром до Кведлинбург е Хановер 120 километри северозападно и Аеродром Лајпциг/Хале 90 километри југоисточно. Многу поблиску, но единствено работи со мали приватни авиони и бизнис-авиони е Магдебург-Кохштет.

Железница

[уреди | уреди извор]
Железницата на тесен колосек на железничката линија Долина Зелке го поврзува со возот Веолиа Харц-Берлин-Експрес на линијата од Магдебург на станицата во Кведлинбург

Регионалните возови возат на железничката линија Магдебург-Тале на стандардна пруга од Германски железници и приватната компанија Конекс, која го поврзува Кведлинбург со Магдебург, Тале и Халберштат.

Во 2006, пругата во Долината Зелке на железница со тесни колосеци Харц била продолжена до Кведлинбург од Гернроде, давајќи му пристап до историската парна железница на тесни колосеци, Алексисбад и високите висорамнини на Харц.

Кведлинбург е поврзан со регионалните автобуси со соседните села и мали гратчиња.

Дополнително, има автобуси до Берлин, преку компанијата БерлинЛиниенБус[мртва врска].

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Јорданус од Кведлинбург бил свешеник и монах од 14-от век, кој ги напишал првите текстови околу современата набожност.

Во 18 век Доротеја Еркслебен била првиот женски медицински доктор во Германија.[6] Фридрих Готлиб Клопшток бил современик на германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Кведлинбург е збратимен со следниве градови:

  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО
  3. Известувања за печатот на Германската временска служба Архивирано на 23 септември 2015 г. (pdf, германски)
  4. „Германска метеоролошка служба, нормали за периодот 1961–1990 г.“. Германска метеоролошка служба. (англиски)
  5. „Zoover data by DWD“. December 2010.
  6. Schiebinger, L. (1990): „The Anatomy of Difference: Race and Sex in Eighteenth-Century Science“ p. 399, Eighteenth Century Studies 23(3) pp. 387-405

Додатна литература

[уреди | уреди извор]
  • Honan, William H. (1997). Treasure Hunt. A New York Times Reporter Tracks the Quedlinburg Hoard. New York: Fromm International Publishing Corporation. ISBN 0-88064-174-6.
  • Kogelfranz, Siegfried; Willi A. Korte (1994). Quedlinburg – Texas and Back. Black Marketeering with Looted Art.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]